Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » НБРМ издаде ковани пари за колекционерски цели
Економија

НБРМ издаде ковани пари за колекционерски цели

декември 26, 2017Updated:декември 26, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Народната банка на Република Македонија пушти во оптек ковани пари за колекционерски цели „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“, „Тркало на среќата“, „Јарец“ и „Водолија“ од серијата „Хороскопски знаци“.

Кованата пара „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“  на аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани слики на св. Вера (со крст), св. Надеж (со сидро) и св. Љубов (со деца) во златна боја. Под трите светици е прикажана слика на црквата Св. Трофим (Есшо, Алзас, Франција), каде што се чуваат моштите на св. Софија. Во горниот дел од монетата е прикажан грбот на Република Македонија и натписите „100 денари“ и „2017“. Во долниот дел од монетата е прикажан натписот „Република Македонија“ на македонски јазик, како и ознаката („Аg 925“) и тежината на монетата („31.1g“).

На реверсот на монетата е претставена дигитално печатена слика на трите светици св. Вера, св. Надеж и св. Љубов, претставени како млади девојки. Зад трите светици е прикажана слика од нивната мајка, св. Софија. Имињата на сите светици се исковани на руски јазик, а по должината на работ на монетата е претставен украс.

Овaa кованa парa е изработенa од сребро Ag 925, со тежина на среброто од 31,1 г., чистота на среброто од 28,77 г. и во форма на правоаголник со димензии 30 х 45 мм.

Цената на кованaтa парa „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“ изнесува 3.800,00 денари.

Кованата пара „Тркало на среќата“  на аверсот, во средината на монетата е претставен грбот на Република Македонија. Околу монетата се претставени натписите „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ и „10 ДЕНАРИ“ на македонски јазик.  Исто така,  претставенa е тежината на монетата „11,80g“, годината на издавање „2018“ и ознаката „Ag 999,9“.

Реверсот на монетата има облик на старо колско тркало. Во средината е претставена копија од реверсот на златната римска монета ауреус со божицата Фортуна Августа со натписите „ФОРТУНА“ и „АВГУСТА“. Околу монетата е претставен натписот: „ТРКАЛО НА СРЕЌАТА“ на англиски и на руски јазик.

Кованата пара е изработена од сребро Ag 999,9, со тежина на среброто од 11,80 г, чистота на среброто од 11,80 г и во кружна форма со димензија 35,00 мм.

Цената на кованата пара „Тркало на среќата“ изнесува 2.400,00 денари.

Кованата пара „Јарец” од серијата  „Хороскопски знаци“ на аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото, и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Јарец. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот систем. Во позадината е прикажан дел од картата на небото. Во долниот дел од аверсот е прикажан грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик „Република Македонија“ и „100 денари“.

На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на ѕвездениот атлас Firmamentum Sobiescianum, создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век, со слика на соѕвездието Јарец на вметнато кобалтно стакленце и симболот на хороскопскиот знак Јарец во горниот дел од монетата. Во долниот дел е претставена слика на козорог наречен и дивокоза на позадина на цртеж на кој е претставен Сончевиот систем. На левата страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – CAPRICORNUS, а на десната страна ознаката „Ag925“.

Овaa кованa парa е изработена од сребро Ag 925, со тежина на среброто од 23,30 г, чистота на среброто од 19,43 г, во квадратна форма со димензии 37 х 37 мм, полирани со позлата и вметнато кобалтно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 мм.

Цената на кованaтa парa „Јарец“ изнесува 2.800,00 денари.

Кованата пара „Водолија” од серијата „Хороскопски знаци“  на аверсот, во централниот дел на монетата, се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Водолија. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот систем. Во позадината е прикажан дел од картата на небото. Во долниот дел од аверсот е прикажан грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик „Република Македонија“ и „100 денари“.

На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создадена од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век, со слика на соѕвездието Водолија на вметнато кобалтно стакленце, и симболот на хороскопскиот знак Водолија во горниот дел од монетата. Во долниот дел е претставена слика на девојка со стомна којашто ја претставува Водолијата, со цветен венец на главата, на позадина на цртеж на кој е претставен Сончевиот систем. На десната страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – AQUARIUS, а на левата страна е прикажана ознаката „Ag925“.

Овaa кованa парa е изработена од сребро Ag 925, со тежина на среброто од 23,30 г, чистота на среброто од 19,43 г, во квадратна форма со димензии 37 х 37 мм, полирани со позлата и вметнато кобалтно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 мм.

Цената на кованaтa парa „Водолија“ изнесува 2.800,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

августа англиски јазик македонија монета Руски Софија фортуна
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата падна

октомври 15, 2026

Макрон ги критикува потезите на Трамп: Не смее да има никакви отстапки пред руските закани

октомври 13, 2026

Американски сенатори бараат од Трамп да се откаже од увозот на руски дизел

октомври 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.