Светското првенство во снукер беше прекинато поради големи инциденти кои се случија во Шефилд.
Имено, додека се одржуваа натпреварите, едно младо момче и една девојка втрчаа и ги прекинаа дуелите почнувајќи да се качуваат на масите.
И додека обезбедувањето прво „полета“ кон девојката, зад параванот, на друга маса, нејзиниот „колега“ успеа да се качи и портокалов прав да истури на масата на која дотогаш играа Роберт Милкинс и Џо Пери.

Натпреварите во „Крушибл Театар“ во Шефилд беа прекинати, а еве како изгледаше еден од тие инциденти во кој беа вклучени млади луѓе кои носеа маици со натпис „Just stop oil“:



(Фото: Танјуг / АП)







