Дваесетина невладини организации кои биле финансирани преку Фондацијата Институт отворено општество, остро ги осудија нападите од членовите на „Стоп операција Сорос“” и побараа јавно извинување.
Тие ги отфрлаат тврдењата на „Стоп операција Сорос“ дека работат да ја дестабилизираат државата, а нападите против нив, велат се со цел да го замолчат граѓанското општество.
Невладините организации најавија дека ќе поднесат тужби за, како што велат, сите навреди и клевети кои биле изречени против нив од оваа иницијатива, доколку во рок од седум дена не добијат јавно извинување.
Иницијативата „Стоп операција Сорос” е формирана на почетокот на годинава, откако Никола Груевски најави постапка за „десоросоизација” на државата.







