Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на коронавирус кај пациентката која утрово се јавила со знаци на респираторна инфекција на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
„Пациентката патувала во критичниот регион на Северна Италија и влегла на 26 февруари во земјава“, информираат од Министерството.
Засега нема нов случај на заразен со корона вирус.
Единствената пациентка која се лечи на инфективната клиника е во добра општа состојба.
„Продолжуваме редовно да ја информираме јавноста. Нема простор за паника. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките на ресорното министерство“, велат од Министерството за здравство.







