Ќе го замени ли премиерот Заев за амбулантни возила, луксузниот мерцедес од 600 илјади евра што пред пет години го купи Владата на Груевски, како што изјави на партискиот митинг?
„Вечерва ви најавувам ќе го најавиме, тенкот, мерцедес на Груевски и со парите ќе набавиме авмбулантни возила за клиниките во македонија“, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ.
Денеска од владината служба соопштија дека после изборите ќе се знае што точно ќе се случи со блиндираниот мерцедес.
„Владата на Република Македонија во периодот после локалните избори детално ќе ги разработи сите технички аспекти околу реализација на процесот на замена на “Мерцедесот” со амбулантни возила. Јавноста ќе биде детално и транспарентно информирана веднаш после утврдување на деталите за овој процес.“
За набавката на луксузниот мерцедес СЈО поднесе обвинението во кое се осомничени две лица. Екс министерката Гордана Јанкуловска и нејзиниот помошник се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување, за купување на скапо возило на тогашниот премиер Никола Груевски.
Од СЈО велат дека самиот мередес не е дел од судскиот процес и може да се оттуѓува.
„Тој предмет не е одземен од наша страна, бидејќи тој е во сопственост на РМ и како е направена јавната набавка за тој, тука се доказите, а самиот предмет како мерцедес, по законот се одземаат таквите предмети доколку се утврди дека се предмет на кривично дело.
„Ние и да го одземеме, треба повторно да го вратиме во сопственост на државата.“ – изјави Катица Јанева, специјална јавна обвинителка.
Од прислушкуваните разговори јавноста дозна како Груевски нарачува мерцедесот да биде фул опремен, со масажери и екрани и бара МВР да прикаже дека е набавен за потребите на Министерството .
Блиндираниот мерцедес сега се чува во МВР.
Од Министерството велат дека се користи за превоз на премиери и претседатели на држави кога ќе дојдат во Македонија.







