Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нема да има прегласување на првиот круг во Сарај
Македонија

Нема да има прегласување на првиот круг во Сарај

октомври 24, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Државната изборна комисија (ДИК) како што соопшти на денешната седница претседателот на Комисијата Александар Чичаковски официјално ги очекува одлуките на Управниот суд за тужбите против приговорите од партиите за првиот круг од локалните избори, по што повторно ќе одржи седница на која ќе бидат соопштени конечните резултати за општините за кои имаше приговори од партиите.

Управниот суд ги уважи една од 24-те тужби на ВМРО-ДПМНЕ за поништување на гласањето на избирачко место во општина Сарај за членови на Совет на Град Скопје, но судечкиот совет донел решение со кое го одбива приговорот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во одлуката објавена на веб-страницата, Судот наведува дека ДИК погрешно утврдила дека приговорот на ВМРО-ДПМНЕ се однесува на гласањето за градоначалник на Скопје, а се работело за совет на град Скопје.

Управниот суд, од оригиналните записници утврдил дека ДИК правилно одлучил да го одбие приговорот бидејќи од доказите видно е дека не е прекршен Изборниот законик.

Во одлуката на судечкиот совет на Управниот суд пишува дека „резултатите од гласањето по листите на кандидати за избор на членови на Советот на Град Скопје, за гласачкото место 2461 – општина Сарај, се потврдуваат“.

Според информациите од ДИК, врз основа на ова нема да има прегласување на избирачкото место во Сарај, а резултатите за првиот круг на локалните избори стануваат конечни освен за советот на оваа општина стануваат конечни и за другите општини каде имаше приговори како Град Скопје, Радовиш и Гостивар. Сепак, во Сарај ќе има втор круг на локалните избори за градоначалник.

Втор круг на изборите ќе има во 35 општини на 1.517 избирачки места. Од скопските општини втор круг за градоначалник ќе има во Гази Баба, Кисела Вода, Бутел, Шуто Оризари, Чаир и Сарај.

ДИК на денешната седница усвои упатство за гласање во вториот изборен круг. Ова упатство се носи бидејжи гласањето е само за градоначалник и се гласа само на едно избирачко ливче. Постпката за гласање останува иста согласно Изборниот законик.

Комисијата исто така прифати упатство со кое ги повикува граѓаните чии документи за лична идентификација им истекла важноста меѓу двата круга на изборите да извадат нови бидејќи иако се во Избирачкиот список не ќе можат да гласаат на вториот круг од изборите.

Нова лична карта граѓаните ќе можат да извадат и на денот на изборите. Според претседателот на ДИК Александар Чичаковски со ова не се ограничува правото на избор на граѓаните бидејќи Комисијата упатува јавен повик до граѓаните на кои им истекла важноста на личната карта и на пасошот да извадат нови.

Вториот круг на локалните избори во Македонија ќе се одржи на 29 октомври.

актуелно Гостивар ДИК кисела вода радовиш Сарај скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.