Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Француската позиција за Северна Македонија останува иста
Политика

Француската позиција за Северна Македонија останува иста

октомври 10, 2019Updated:октомври 10, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Вчерашниот состанок на амбасадорите на земјите членки на ЕУ не донесе напредок во позицијата на Франција за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија“, велат француски дипломатски извори за МИА.

„Не очекуваме да има поместување најрано до самиот министерски состанок во вторник во Луксембург, ништо не е сменето во однос на минатата недела, одлуката треба да ја донесе претседателот Емануел Макрон“, објаснуваат за МИА дипломати присутни на вчерашниот амбасадорски состанок.

Дипломатите не ја потврдуваат информацијата дека Франција „не е оптимист“ за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, како што пренесоа некои француски медиуми.

„Не можеме да потврдиме таква информација бидејќи едноставно Франција за сега нема став, оттука не може да се каже дали е оптимист или не. Според високи владини извори од земја членка на ЕУ кои биле во контакт со француската влада, „на Макрон не му пречи да биде изолиран по ова прашање во ЕУ“.

Преговорите помеѓу земјите членки на ЕУ сѐ повеќе се фокусирани на одвојување на Албанија и Северна Македонија, посебно по ставот на холандската Влада и условите поставени од страна на Германија.

Останува дека низа земји во ЕУ и натаму инсистираат двете земји да одат во пакет, од различни причини.

За некои земји членки проблематично е одвојувањето на Албанија „поради тоа што ќе се создаде перцепција дека се изолираат од преговарачкиот процес земји со мнозинско муслиманско население“, додека други сметаат дека во прашање е регионалната стабилност и стравуваат дека Тирана би „влијаела негативно“ во дијалогот Приштина – Белград ако биде блокирана.

„Иако на некои земји не им се допаѓа одвојувањето, доколку Франција застане зад таа позиција, најверојатно ќе прифатат, подобро една отколку ниедна земја да започне преговори, како и да е сѐ ќе зависи од Макрон“, објаснува висок дипломат од земја членка на ЕУ за МИА.

Позицијата на холандската Влада во секој случај ги охрабри поддржувачите на проширувањето, но сѐ уште не е сигурно дека одлука ќе биде донесена во вторник.

Зависно од динамиката на разговорите на министерскиот состанок во Луксембург ќе се знае дали е потребно да им се остави крајната одлука на шефовите на држави и влади на Самитот, кој ќе се одржи два дена подоцна во Брисел.

актуелно преговори северна македонија француската позиција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.