Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нема нови рестриктивни мерки, надлежните со апел да се почитуваат постоечките
Македонија

Нема нови рестриктивни мерки, надлежните со апел да се почитуваат постоечките

ноември 17, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Рекордни 40 починати од Ковид-19 беа регистрирани во текот на вчерашниот ден, што претставува најголема бројка од појавувањето на болеста. Сепак, најава за нови рестрикции нема. Надлежните остануваат на истите мерки, и испраќаат апел за нивно доследно и целосно почитување.

Одлуката на Комисијата за заразни болести по вчерашниот состанок е дека не е време за воведување на нови рестриктивни мерки за заштита од вирусот Ковид-19. Остануваат во сила истите мерки – забрана за работата на угостителски објекти после 21 часот, групирање на не повеќе од четири лица во текот на 24 часа, како и максимално почитување на протоколите на сите економски оператори. Од Комисијата бараат доследно почитување на наведените мерки.

Со цел поефикасно справување со вирусот на ниво на државата, надлежните најавија дека од денеска почнува примената на брзите тестови во здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и Кичево.

Од Министерството за здравство информираа дека лаборантите од овие установи минатата недела беа на обука во Скопје, а во текот на неделата ќе продолжат обуките на лаборанти од други градови низ државата, со цел во најкраток можен рок, брзите тестови да бидат на располагање на матичните лекари на територија на цела држава.

Брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на вирусот Ковид-19, не повеќе од пет дена. Алгоритмот за брзо теситарање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали истиот ќе се тестира со ПЦР тест или антигенски – брз тест.

Изминатата недела во Здравствен дом Скопје, на шесте пункта во поликлиниките во Чаир, Ченто, Ѓорче Петров, Бит Пазар, Млин Балкан и „Јане Сандански“, направени се 1138 тестови, од кои 398 биле ковид позитивни.

Исто така, најавена е и можноста за отворање на дополнителни капацитети на сите клиники.

Како што посочи вчера министерот за здравство, Венко Филипче, освен Клиниката за инфективни болести со модуларната болница во нејзин склоп и Институтот за белодробни заболувања ТБЦ, во моментов работат и четири ковид центри на интерните клиники и тоа на клиниките за дерматовенерологија, неврологија, нефрологија и за гастроентерохепатологија.

– Засега имаме стабилни бројки и според епидемиолошката слика очекуваме во периодот кој следи да има се повеќе исписи на пациенти и да се намали приливот на нови болни. Сепак, мора да бидеме подготвени за секакво сценарио, рече министерот Филипче.

Според министерот, состојбата со Ковид-19 е сериозна, и целиот задравствен персонал вложува надчовечки напор да го одржи системот и да ги згрижи сите пациенти. Појасни дека ни претстои период во кој треба да останеме смирени и да го дадеме максимумот и како лекари и како институции, истакна министерот на состанокот.

И Светската здравствена организација предупреди дека пандемијата со коронавирусот го исцрпи здравствениот систем во Европа и во САД.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус посочи оти е загрижен од зголемениот број на заразени со коронавирус во различни држави, особено во Европа и во САД. Вработените во здравствениот систем, според него, доаѓаат до степен на колапс.

Тој ги поздрави „охрабрувачките“ вести за вакцините против Ковид-19, но сепак оцени дека „не е време за задоволство“.

Во однос на вакцината за ковид-19, која се најавува и кај нас наредната година, Светската здравствена организација останува на ставот дека вакцината сама по себе нема да ја запре пандемијата.

– Вакцината ќе ги надополни другите алатки што ги имаме, нема да ги замени. Вакцината сама по себе нема да стави крај на пандемијата, смета директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Надзорот ќе мора да продолжи, луѓето ќе мора да бидат тестирани, изолирани и згрижени, контактите сепак ќе треба да се следат.

Од друга страна, пак, американската фармацевтска компанија „Модерна“ вчера објави дека ефикасноста на нејзината експериментална вакцина против коронавирусот е 94,5 проценти.

Информациите, како што посочува компанијата, се базираат на последната фаза од клиничкото тестирање.

Ова е втора американска компанија што соопшти дека развала вакцина со висока ефикасност против Ковид-19 за само седум дена. Претходно Фајзер информираше дека ефикасноста на нивната вакцина е нешто повеќе од 90 проценти.

„Модерна“ дојде до овие резултати врз основа на тестирање на 30.000 волонтери, а се чека уште американското регулаторно тело за здравство да дозволи употреба на вакцините.

Бројот на заразени во светот од почетокот на панедемијата надмина 55 милиони. Оздравеле над 38 милиони, активни во моментов се 15,5 милиони, а битката со Ковид-19 ја изгубиле 1,3 милиони луѓе.

актуелно маски мерки нема почитување ресриктивни
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.