Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нема потреба од нова вонредна состојба, смета Советот за безбедност
Македонија

Нема потреба од нова вонредна состојба, смета Советот за безбедност

октомври 29, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нема потреба од воведување нова вонредна состојба, досегашните мерки и препораки за заштита од Ковид-19 се во насока на максимална заштита на здравјето на граѓаните, порачаа денеска претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран
Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

По состанокот на Советот за безбедност, претседателот Пендаровски изјави дека за ова не е разговарано денеска и оти вонредната состојба не е опција бидејќи нема сознанија и проценки дека доколку се прогласи ваква состојба, ќе се победи вирусот.

Останува на мислењето дека вистинско место за дискусија за оваа тема треба да биде
Парламентот.

„Тогаш немавме функционално Собрание, имавме техничка влада и обврската падна кај мене. Тогаш примарниот мотив да декларирам вонредна состојба беше Владата, во недостиг на функционално Собрание, да носи уредби со законска сила. Сега, имаме функционално Собрание кое може да носи закони“, рече Пендаровски, појаснувајќи
дека нема врска вонредната состојба со полицискиот час.

Нагласи дека во ниту една држава во Европа засега не е воведен полициски час на цела територија.

„До овој момент во Европа не постои ниту една држава која на целата своја територија има воведено полициски час. Во Франција има забрането движење од регион во регион, а во Германија нема таков лимит на физичко движење. Да нема заблуда дека ако ние не го направиме тоа, ќе отидеме уште полошо со пандемијата“, порача
Пендаровски.

Подготвен е, како што рече, доколку Владата побара како врховен командант на вооружените сили, да стави на располагање колку што е потребно припадници на Армијата како логистичка поддршка во борбата против пандемијата.

Ниту премиерот Заев не гледа потреба од прогласување на вонредна состојба.

„Не ни треба вонердна состојба, за Владата да прогласи полициски час или карантин. Парламентот функционира. Мене ме плаши неотворената можност за онлајн работа на Парламентот затоа што како што имам информации, можеби не ми се точни, од конституирањето на Парламентот досега имаме повеќе од 10 проценти заразени или во самоизолација“, рече Заев, додавајќи дека очекува мерките да ги дадат очекуваните резултати.

Ставот на министерот Филипче е дека рестрикцијата на движење нема да има никаков ефект.

„На почетокот на пандемијата постоеше мислење во државите дека рестрикцијата во движење ќе го сузбие вирусот, но тоа не се случи. Очигледно дека овој вирус има комплетно поинакви карактеристики од истата група на вируси. Сега, дефинитивно е јасно дека вирусот е тука и дека мора да се живее со него. Затоа се овие мерки што сега се воведуваат и во другите држави, а значат задолжително носење на маски, избегнување на групирање и нормално одвивање на сите животни процеси“, изјави Филипче.

актуелно вонредна состојба Совет за безбедност
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.