Израелскиот државен обвинител формално подигна обвинение против премиерот Банјамин Нетанјаху заради корупција.
Обвинението се однесува на примање поткуп, кршење доверба и измама, пренесува Ројтерс.
Нетанјаху претходно негираше дека сторил какво било кривично дело во три случаи на корупција, наведувајќи дека е жртва на политички „лов на вештерки“.
Тој нема правна обврска да поднесе оставкла после обвинението чие подигнување во февруари годинава го преппорача полицијата.
Ако биде осуден за примање поткуп му се заканува затворска казна до 10 години, а за измама и кршење на довербата максималната казна е до три години затвор.







