Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нечесните судии мора да си одат од судот
Македонија

Нечесните судии мора да си одат од судот

ноември 22, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сè погласно се зборува за потребата од ветинг на судиите и обвинителите за да може во државава да се спроведат суштински реформи во судството. Начелно сите се за ветинг, а се бара тој да не биде ограничен само на судството, туку и на институциите и политичарите.

Министерката за правда Рената Дескоска вели дека веќе се исцртуваат контурите за ветингот. Во тој процес, додава, не треба да се плашат чесните судии и обвинители, но мора да се спроведе за да се издвојат неквалитетните, непрофесионалните и корумпираните.

Првиот човек на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски во изјава за МИА вели дека ветингот за судиите и обвинителите треба да биде добро осмислен, да не се спроведува набрзина, да се знае кој и како ќе го врши и да не се претвори во мешање на извршната во правосудната власт.

„Треба добро да се осмислат целите на ветингот, да се дефинира по содржина и начинот на кој ќе се спроведе. Понатаму, кој орган или кои органи или државни институции ќе треба да го спроведат, да се внимава тоа да не значи да биде директно мешање во правосудната власт од страна на извршната власт. Доколку се спроведе, треба да даде позитивни ефекти, а не да даде негативни ефекти. Состојбите во правосудниот систем не се баш на потребното ниво, па со ветингот да не се влошуваат понатаму, истакнува Колевски.

Тој додава дека во овој момент имотната состојба на судиите и јавните обвинители се контролира.

„Сите јавни обвинители и судии поднесуваат пријава до Антикорупциската комисија за сопствената имотна состојба и имотната состојба на сите јавни обвинители и судии е на увид на јавноста. Секој може да изврши увид во податоците, рече Колевски.

Министерката Дескоска вчера посочи дека има меѓународни примери за спроведувањето на постапката ветинг.

„Ветингот не го спроведува извршната власт, туку на експертско ниво мешовита комисија, во која во многу земји учествуваат и меѓународни претставници како гаранти на процесот, вели Дескоска.

И претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев е на став дека е потребен ветинг во судството за да се отстранат сите сомнежи за чесноста на судиите.

„На ветингот гледам позитивно и немам никаков проблем со тоа. Сметам дека е потребно да се направи ветинг и во судството, со цел да се отстранат сите сомнежи по однос на чесноста на судиите, изјави неодамна Џолев.

Премиерот Зоран Заев исто така смета дека на нашето општество му е потребен ветинг, посебно нагласувајќи дека тоа час поскоро треба да се направи во правосудството.

„Нашиот народ очекува протресување судии, обвинители, политичари, директори… Тоа треба добро да се организира. Ветингот е наша обврска како општество. Не мислам дека политичарите не треба да поминат ветинг. Мора да се помине низ тој процес. Во иднина очекуваме низ поглавјата да имаме трансформација на нашето општество.

Мора да се протресеме сите, рече Заев.

Од владејачката СДСМ најавија постапка за целосен ветинг во судството, бидејќи неприфатливо е токму институциите што треба да носат правда, да ја спречуваат и да ја поткопуваат.

„Неопходен е ветинг во судството, за да се направи дистинкција меѓу чесните и професионални судии и обвинители и оние кои не се на нивото на професијата. Пред граѓаните ветивме правда, му дадовме шанса на судството, не испорача, но ние ќе направиме сè за да го оствариме. Затоа што без правда, нема сигурност и стабилност, без владеење на правото, нема развој и напредок, изјави портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети смета дека има потреба од спроведување ветинг во сите институции во државава.

„Јас не можам да се занимавам со предрасуди, ниту со предвидувања за преполовување на судиите и обвинителите во процесот на ветингот. Тие што не го поминуваат ветингот не заслужуваат да бидат претставници на судството. Независно колку ќе трае ударот, дали ќе се преполови бројот или ќе остане четвртина, зависи од веродостојноста, рече Ахмети.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, вели дека во ветингот на судиите не гледа решавање на проблемите во македонското судство.

„Искуството вели дека тие што го примениле овој процес на ветинг, еве конкретно во случајот ако го земеме искуството од нашиот западен сосед, не поминале успешно, рече Мицкоски.

Тој најави дека како партија ќе понудат методологија што ќе обезбеди вистинска реформа за независно судство, независно обвинителство, мониторинг врз нив.

 

 

 

ИЗВОР: МИА

„ветинг“ актуелно судии
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.