Најдобриот бразилски фудбалер Нејмар да Силва ги посочи соиграчите од репрезентацијата Габриел Жесус и Филипе Кутињо, и себе, за оние кои би можеле да засјаат на Светското првенство во Русија, дури уште во групната фаза.
Ѕвездата на Пари Сен Жермен, моментно е во Бразил каде што закрепнува од повредата, покрај бразилските многу очекува и од кристијано Роналдо, Леонел Меси, Мохамед Салах и Луис Суарез.
„Постојат многу квалитетни фудбалери. Фактот дека е во прашање Светско првенство значи дека доаѓаат најдобрите. Мислам дека Жесус и Кутињо можат да направат разлика“
Нејмар („Глобо Еспорте“)
Тој смета дека бразилската репрезентација го има најквалитетниот состав за престојниот Мундијал.
„Салах не игра за силна репрезентација, но може да има добар мундијалски настап. Тука исто се и одличните Роналдо, Меси, Азар, Де Брујне, Суарез … Верувам дека можат далеку, но се надевам не преку Бразил. Драго ми е што предводам ваква екипа, мислам дека е најсилна и ќе направиме се да дојдеме до трофејот“, заклучи Нејмар.
Покрај Бразил во Е групата на СП се уште и Србија, Швајцарија и Костарика.
(Фото: Ројтерс)








