Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Не бев гласна за сега да молчам
Коментар

Не бев гласна за сега да молчам

јули 7, 2017Updated:јули 7, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Секој ден чекаме некакви промени. И секој ден нашата нервоза заради нивното отсуство станува сѐ повидлива. Годините поминати во покорност и послушност направија да бидеме крајно нетрпеливи.

Секој ден некој сака нешто да каже, да критикува или нешто да праша. После толку многу тишина, гласноста ни доаѓа како олеснување на душата и ослободување од товарот. Бидејќи кога со години ќе гледате неправди и свесно поминувате преку нив, тогаш и молкот е тежок товар.

И зошто сега мора критичарите да бидат критикувани а нивните зборови да бидат разбрани како навреди? Зарем после толку многу гласност со која ја убивме тишината сега пак треба да завладее молкот?

Јас не бев гласна за сега да молчам!

Оставете ги луѓето да кажат што им лежи на душата. И не само тоа, туку слушнете ги што имаат да кажат. А имаат, многу имаат да кажат. Како за живи сведоци кои го преживеале режимот на Грујо, сите имаме нешто да кажеме. Секое критизирање на критиката во најмала рака ќе биде контрапродуктивно. Оти, како што рече еден голем граѓански борец: „Критиката не е навреда, абдали… абдал е навреда“.

Она што ми смета се новопечените херои и „жртви“, луѓе кои за време на владеењето на претходната власт живееја удобен живот и како нејзини приврзаници ги уживаа сите придобивки кои власта со себе ги носи.

Ако не можеа да го носат товарот на гласноста, ако не веруваа дека со неа може нешто да се смени, зошто да им дозволиме да се китат со туѓо перје и да примаат ордени за туѓата храброст? Ако низ годините имаше толку гласни „херои“ како денес, ова парче земја многу порано ќе го доживееше своето будење. Будењето не дојде со политички декрет, туку со гласност која ја уби тишината и ги донесе промените.

Велат дека секој е невин додека со аргументи не се докаже спротивното. И јас самата бев поборник на кажаното сѐ додека не го доживеав крахот на Битола, сѐ додека не видов отсуство на желба и намера кај институциите да се справат со креаторот на злото. Ај тоа, туку повеќе ме чудат оние кои денес тврдат дека повеќе немало што да се зборува за Двојче, оти Двојче бил завршена приказна, „мртов Германец“.

Камо среќа да беше така!

Двојче е сѐ, само не тоа што некои го сметаат. Тој, за жал, е сѐ уште битолски градоначалник со сите законски овластувања. Двојче и ден денес распишува тендери, организира културни манифестации, се слика на спортски натпревари.

Во локални рамки, тој е “главата на октоподот“.

И после сето ова, без око да му трепне, како паун се шета низ Битола.

На сите оние кои ме прашуваат што е тоа што толку ми згрешил за толку многу да го критикувам, ќе им речам: „Во моментот кога Двојче почна да ја ништи Битола, јас „смртно“ му замерив!

Туку, имам и јас прашање за вас „љубопитните“: „Зарем Вие драги сограѓани, битолчани, не сметате дека оној кој 12 години ја управува Битола ја има најголемата одговорност за дното до кое го донесе градот на конзулите и клавирите? Не мислите дека во голема мера и тој кумуваше на егзодусот на нашите сограѓани? Не му го земате ли за грев пустошењето на Офицерски, криминалот со превозот на ученици, рушењето на фонтаната, „божјите сили“ кои го загадуваат воздухот во Битола?

Ако не гледате ништо лошо во тоа, тогаш молчете и простете му. Јас нема да го направам тоа и сѐ додека не одговара за секоја педа од уништената Битола, нема да замолчам. Ако тој и неговите „соборци“ и браќа по криминалот не бидат изнесени пред лицето на правдата, ќе мислам оти никој повеќе нема право да се чука во градите и да се колне во Битола.

И само уште една работа. Не ми требаат тие кои до вчера седеа и комотно се чувствуваа во скутот на режимот, уште помалку пак ми е важно нивното мислење. Оти, кога се крадеше без усул и кога требаше да се слушне нивниот глас, кога се зборуваше за демократија, кога се тепаа ученици и студенти, нив ги немаше.

Затоа драги „ќутолози“, после толку долгото практикување на молкот, продолжете и натаму да го правите она што најдобро го знаете – молчете!

 

Пишува: Габриела Илиевска

битола Двојче жртви молк промени
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?

ноември 9, 2026

Штајнмајер: Алпите се соочуваат со опасност од свлечишта предизвикани од климатските промени

септември 2, 2026

Земјотресите во Венецуела земаа повеќе од 6.500 жртви

август 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.