Никотинот од цигарите прави зависност како дрога затоа што во мозокот на пушачот се случуваат хемиски промени, слични на оние кои во мозокот на глувците ги прават кокаинот, хероинот и другите врсти на наркотици.
Ова го тврдат научници од американскиот Институт за борба против зависности, врз основа на истражувањето на мозокот на луѓето.
Со истражувањето се опфатени пушачите кои од цигари се одрекле долг низ години пред смртта, но нивниот мозок не се опоравува од последиците на делувањето на никотинот.
Овие наоди покажуваат дека зависноста од пушењето поради никотинот предизвикува структурални промени во мозокот, кои траат повеќе години, дури и тогаш кога ќе се прекине со пушењето.