Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ниту договорот за државјанствата не го „отклучи“ Собранието
Македонија

Ниту договорот за државјанствата не го „отклучи“ Собранието

април 17, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владата и опозициските партии на Албанците постигнаа договор за законот за државјанство. Детали ќе се соопштат откако предлогот ќе се стави на хартија, со точни правни формулации. На законското решение ќе работат предлагачите, ќе го достават кај извршната власт и потоа ќе биде претставено пред јавноста.

Сепак, се уште е неизвесно кога Собранието целосно ќе се одблокира и кога ќе бидат ставени пред пратенциите на пленарна седница петиот пакет антикризни мерки и точките усогласени меѓу власта и опозицијата.

Премиерот Зоран Заев и претседателите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, по средбата во Собранието вчера изјавија дека е постигнато решение, а деталите ќе се соопштат откако ќе се стават на хартија.

„Веруваме дека има договор, тоа е вистинската формуалција. Има наративно усно решение, сега денови се во прашање кога ќе се стави на хартија“, рече Заев.

Според лидерот на Алијанса за Албанците, Села повеќе детали за законот за државјанство ќе бидат објавени најверојатно на почетокот на следната недела.

„Со овој закон ние имаме цел најмалку, минимално, сите граѓани кои што живеат и живееле повеќе од 30 години во Македонија да не останат без државјанство и еднаш засекогаш да го решиме овој проблем. Затоа продолжуваме да сме на добар пат за решавање на овој проблем и се надевам дека многу брзо на почеток на следната недела ќе излеземе заедно со нашиот последен и финален став, кој ќе биде достапен и за јавноста, да се знае кои се прашањата за кои сме се согласиле, секогаш водејќи се од идејата дека е важно да се реши проблемот, а не да говориме добри и големи зборови“, рече Села.

Во принцип на секој човек што е роден во Македонија, матична држава му е Македонија, ја појасни Села позицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива.

„Измените на законот треба да биде основа за добивање државјанство“, вели тој, потенцирајќи дека нивната позиција е на сите што се родени тука да им се констатира дека се државјани на земјата.

Од ДУИ тврдат дека во изминатите години ги олесниле и поедноставиле процедурите за добивање државјанство. Досега, според нив, во постапка за стекнување со државјанство се 2.674 лица од кои помалку од половина се Албанци.

По постигнатиот договор за државјанствата, нема најави кога усогласените точки, а особено пакетот анти-кризни мерки ќе бидат изгласани во Парламентот.

За тоа дали ќе се донесе петтиот сет анткризни мерки, премиерот Заев тврди дека има пари во Буџетот за петтиот пакет мерки.

„Пари во буџетот има за реализација на петтиот пакет антикризни мерки. Буџетот е стабилен и има добра наплата и во Управата за јавни приходи и во Царината“, изјави Заев.

Најави дека се работи на шестиот пакет мерки кој ќе биде насочен кон угостителскиот сектор кој поради рестриктивните мерки не работи во овој период.

Во однос на завчерашните случувања во Парламентот, каде требаше да се донесе петтиот пакет антикризни мерки, Заев упати одговорите да се бараат кај претседателот на Парламентот, замениците и координаторите на пратеничките групи.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера изјави дека Талат Џафери како претседател на Собранието треба да најде начин со сите пратенички групи да создаде хармонија и да заврши една работа која е во интерес на граѓаните.

„Џафери може дома да се однесува своеволно, ама како претседател на Собрание треба да им служи на граѓаните. Работава не е игра, луѓето немаат плата земено, затоа треба Џафери да го постави на дневен ред потребното, а не да игра политиканство“, рече Мицкоски.

Засега останува неизвесно кога ќе бидат одржани седниците на кои треба да бидат изгласани законските решенија од пакетот анти-кризни мерки, како и другите точки усогласени на средбата на премиерот Зоран Заев со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а потоа и со лидерите на АА и Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши за законот за државјанство.

По завчерашните повеќечасовни расправии за тоа како треба да продолжи да работи законодавниот дом, седница вчера не се одржа. На собраниската веб-страница следната пленарна седница – 39-та е закажана на 21 април, но на дневен ред не се пакетот антикризни мерки и усогласените прашања меѓу власта и опозицијата.

актуелно Африм Гаши вмро-дпмне Договор Зијадин Села Зоран Заев сдсм Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.