Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нова деветвалентна вакцина за ХПВ ќе се применува во Македонија
Во Фокусот

Нова деветвалентна вакцина за ХПВ ќе се применува во Македонија

јануари 31, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во текот на минатата година во земјава се откриени нови 300 случаи на рак на грлото на матката. Ова е болест која може да се превенира со вакцинација, а наскоро треба да се изведува со деветвалентни вакцини.

„Најважно е да се покрене јавната свест кај жените за редовни контроли и тестови – беше посочено на денешната прес-конференција по повод одбележувањето на Европската недела за борба против рак на грло на матка која трае од 28 јануари до 4 февруари.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека министерството е посветено на спроведување на скрининг програмата за жените од сите возрасти и најави дека од годинава ќе се направи надградба на системот и резултатите од ПАП тестовите ќе се добиваат многу побрзо.

Потенцира дека лани се прегледани 27.000 жени меѓу 46 до 60 години и кај 87 проценти наодот бил негативен, а кај 13 проценти позитивен и тоа за ХПВ инфекции и ЦИН 1.

„Годишно се откриваат од два до три случаи на карцином на матка на грло кај пациентки кои по направениот преглед се спроведуваат на понатамошна дијагностика, а по потреба и лекување – рече министерот за здравство.

Апелира до жените редовно да се јавуваат кај своите матични гинеколози на прегледи.

„Ова е болест која може да се превенира, која дури доколку се открие во рана фаза може да се преземат мерки за лекување со што таа целосно може да се излекува – истакна Филипче.

При тоа, најави, Македонија може да биде една од петте земји во светот која ќе влезе во програмата на Бил и Мелинда Гејтс со што целокупната женска популација од сите возрасни групи ќе биде вакцинирана со новата деветвалентна вакцина за ХПВ.

Горан Димитров од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и претседател на Здружението за ХПВ на Република Македонија рече дека новата деветвалентна вакцина е одобрена од Светската здравствена организација и е против девет типови ХПВ што се причинители на 92 проценти од цервикалниот карцином.

Ова, како што посочи е изум на 21. век и оти со неа индиректно се штити од малигна болест.

Апелира дека најважно е покревање на јавната свест и она што се вели да се влезе во главата на жената дека таа треба да направи тест.

Потенцира дека во наредниот период Комитетот, што е формиран како посебно тело, треба да ги адаптира современите клинички упатства за скрининг на цервикалниот карцином. Упатството, посочи, е помогнато од Фондот за население на ОН.

Потенцира дека се во постојан контакт со невладиниот сектор.

„Повеќе треба да се работи на зголемување на информациите и едукацијата на младите девојки и жени, да им се објасни пристапот до скрининг методите, превентивните прегледи и ХПВ вакцинацијата и со тоа да се зголеми имплементацијата на овие услуги и програми насекаде низ Македонија – рече Биба Додева од Здружението за борба против рак „БОРКА – За секој нов ден“.

Додева истакна дека жените од пониските социо-еконмските групи и малцинствата се соочени со нееднаков пристап со оваа смртоносна болест, бидејќи овие жени немаат редовен пристап до програмите за скрининг и превенција.

„Искуството ни покажува дека инциденцата на новозаболени од овој вид карцином е поголема во руралните средини – посочи Додева.

Во рамки на скринингот лани биле испратени 40.505 покани до жени на возраст од 40 до 60 години. Од поканентите на преглед не се јавиле 15.047 жени. Најголем одѕив имало во Скопје, а најмал во Гостивар и Велес.

Одговорајќи на новинарски прашања министерот за здравство најави дека во текот на наредната недела ќе бидат готови измените на Законот за увоз на лекови. Како што посочи со измените се предвидува при увоз на лекот да се поседува и сертификт од производителот и од акредитирана лабораторија.

За испразнетите директорски места посочи дека следната недела ќе бидат назначени нови директори, а нови ќе бидат назначени и онаму каде истекуваат шестмесечните договори на вршителите на должност.

За изградбата на новиот Клиничкиот центар посочи дека треба да се донесе одлуката многу скоро.

актуелно вакцина здружение Комитет македонија популација прегледи сектор хпв
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.