Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » НОВА ЗАКАНА: Северна Кореја тестираше ново оружје, го нарекуваат „Цунами“
СВЕТ

НОВА ЗАКАНА: Северна Кореја тестираше ново оружје, го нарекуваат „Цунами“

март 24, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Северна Кореја тестираше нов подводен нападен дрон способен да носи нуклеарно оружје, објавија денеска државните медиуми, а лидерот Ким Јонг-ун предупреди дека заедничките јужнокорејски и американски вежби мора да престанат.

За време на тестирањето, новиот севернокорејски дрон вчера крстосуваше под вода на длабочина од 80 до 150 метри повеќе од 59 часа и детонираше ненуклеарен товар во водите во близина на источниот брег на Северна Кореја, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Аналитичарите велат дека Северна Кореја покажува се поразновидна нуклеарна закана за Вашингтон и Сеул, иако тие се скептични дека подводното возило е подготвено за употреба.

Северна Кореја има намера да им сигнализира на „Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја дека во војна, Пјонгјанг ќе има голем број потенцијални средства за детонирање на нуклеарно оружје за кои сојузниците би морале да бидат загрижени“, рече Анкит Панда, висок соработник во Институтот за меѓународен мир „Карнеги“.

Подводно торпедо

„Ќе има подземни силоси, вагони, подморници и ‘патни’ мобилни лансери за проектили. А сега и подводно торпедо“, рече тој.

Во понеделникот, изолираната земја лансираше ракета со краток дострел од подземен силос, што е отстапување од вообичаените методи.

Наречен „Хаил“ или „Цунами“, новиот систем подводни пловила без екипаж е наменет да спроведува тајни напади во непријателските води и за уништување на поморски ударни групи и главни оперативни пристаништа со создавање голем радиоактивен бран преку подводна експлозија, неведува КЦНА.

„Овој нуклеарен подводен напаѓачки дрон може да се распореди на кој било брег и пристаниште или може да биде донесен со брод“, пренесува новинската агенција, додавајќи дека Ким го надгледувал тестирањето.

Јужнокорејски воен претставник изјави дека ги анализираат тврдењата на Северна Кореја.

Американски официјален претставник, кој сакал да остане анонимен, истакнал дека нема индикации за нуклеарна проба. Не е јасно дали Северна Кореја во целост развила минијатуризирани нуклеарни боеви глави потребни за нивно помало оружје.

Аналитичарите велат дека усовршувањето на таквите боеви глави веројатно ќе биде клучна цел ако Северот продолжи со нуклеарните тестирања.

Огромни торпеда

На фотографијата која ја објавија државните медиуми, Ким се гледа како се смешка покрај голем објект во облик на торпедо, но објектот не е идентификуван како нов дрон.

Други фотографии покажаа траги од подводната траекторија на објектот и експлозии видливи на површината на морето.

Панда вели дека оперативниот концепт на оружјето е сличен на руските нуклеарни торпеда „Посејдон“, на новата категорија на одмазднички оружја дизајнирани да создаваат разорни, радиоактивни експлозии во крајбрежни области.

Денеска јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол рече дека ќе се погрижи Северна Кореја да плати за нејзините „непромислени провокации“, за време на говорот на комеморацијата за војниците загинати во судирите со Северна Кореја во западните води, вклучувајќи го и потопувањетото на морнаричкиот брод во 2010 година. Јужна Кореја тогаш објави дека нејзиниот брод бил погоден од севернокорејско торпедо.

Северна Кореја, исто така, објави дека во средата истрелала крстосувачки ракети за да извежба „изведување тактички нуклеарни напади“, потврдувајќи ги претходните извештаи на јужнокорејската војска.

Најновите тестови се случија кога јужнокорејските и американските сили во понеделникот ја започнаа својата најголема вежба на „амфибиски десант“ во последните неколку години, во која учествуваше и американски јуришен брод.

Северна Кореја рече дека поради воените вежби на Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја, таа мора „да се опреми за сеопфатна војна и да ги зајакне своите нуклеарни сили и во квалитет и во квантитет на приоритетна основа“.

Севернокорејскиот лидер Ким изрази „својата волја да ги фрли американските империјалисти и јужнокорејскиот марионетски режим во очај заради нивниот избор“, соопшти КЦНА, додавајќи дека Ким ги предупредил непријателите дека треба да престанат со непромислените воени вежби против Северна Кореја.

актуелно Америка Вашингтон дрон Кореја Пјонгјанг Сеул торпедо цунами
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.