Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нова серија земјотреси во близина на Санторини – најсилниот 5 степени
Во Фокусот

Нова серија земјотреси во близина на Санторини – најсилниот 5 степени

февруари 10, 20250
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос синоќа беше регистрирана нова серија земјотреси над 4 степени, од кои најсилниот беше 5 степени според Рихтер, додека земјотресите продолжија и во текот на ноќта и рано утрово, меѓутоа со помал интензитет, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, во периодот од 20.41 до 22.35 часот по локално време беа регистрирани 16 земјотреси меѓу 3,1 и 5 степени, од кои половина беа над 4 степени.

Професорот по сеизмологија на Универзитетот Аристотел во Солун Костас Папазахос за грчката телевизија ЕРТ утрово објасни дека земјотресите во близина на Санторини може да траат со недели, па дури и месеци и не е нешто што ќе се промени преку ноќ.

– Без разлика дали е серија земјотреси или предземјотресна секвенца, тоа трае со недели, понекогаш дури и месеци. Не е пријатна порака, но така е. Низата ќе продолжи и тоа со оваа карактеристика, објасни сеизмологот и додаде дека во период од два-три часа може да има земјотреси од 4-5 степени, а потоа да поминат 12-16 часа, да се смири серијата, па повторно да се појават.

Во однос на тоа колку долго би можела да трае појавата, Папазахос посочи дека не можат точно да проценат, но дека е веројатно цел февруари или голем дел од месецот да помине со слична ситуација, изразувајќи надеж дека полека ќе има постепена деескалација.

Паралелно, поради земјотресите во близина на Санторини, првиот крузер за оваа година што денеска требало да пристигне на островот, ја сменил рутата и се закотвил на Крит.

Според грчките медиуми, крузерот „Viking star“ со 893 патници и 470 членови на екипажот, ја променил програмата и поради безбедноста и за да се избегне метеж на старото пристаниште и жичарницата, каде што постои опасност од лизгање на земјиштето, па наместо на Санторини пристигнал на Крит.Хотелиерите од Санторини за грчките медиуми во изминатите денови посочија дека засега немаат откажувања на резервациите како за следниот период, така и за велигденските празници.

На туризмот и новата сезона се осврна и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговата посета на островот кога рече дека имаат должност да ја заштитат, да ја зачуваат репутацијата на популарната туристичка дестинација и да бидат сигурни дека „2025 година исто така ќе биде одлична година за туризмот на Санторини“ и затоа посочи дека во јавната комуникација, треба да постои баланс меѓу потребата да се дејствува превентивно, без да се репродуцираат катастрофални сценарија, „кои потенцијално може да исплашат некои посетители“.

Училиштата на островите Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите ќе бидат затворени и оваа седмица, со одлука на Комисијата за процена на сеизмичката опасност и на Комисијата за следење на вулкански активности при Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција.

актуелно земјотреси потреси санторини серија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.