Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Новинарските здруженија го поздравуваат апсењето на лицето кое му се закануваше на новинарот Драган Бурсач
Во Фокусот

Новинарските здруженија го поздравуваат апсењето на лицето кое му се закануваше на новинарот Драган Бурсач

август 11, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 

ПЛАТФОРМАТА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ НА МЕДИУМИТЕ И НОВИНАРСКАТА БЕЗБЕДНОСТ, која застапува околу 7800 членови, остро ги осудува смртните закани кон новинарот Драган Бурсач и ја поздравува брзата реакција на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, кое го уапси лицето што се закануваше на новинарот од Бања Лука.

 Драган Бурсач се соочи со смртни закани поради напишаниот текст со наслов „Молчев додека Бихач беше гранатиран“ каде авторот навраќаше спомени на тригодишната опсада на градот Бихаќ кој бил опкружен од една страна од армијата на таканаречената Српската Автономна Единица Крајина и од друга страна, Армијата на Република Српска и воената акција „Олуја“ која следувала. На тоа следеше неприфатлива реакција каде лицето А.Б напишало вознемирувачки коментари, а на крај завршило со зборовите: „главата веќе нема да ти стои на рамената, ти го ветувам тоа“.

„Постојаните смртни закани кон Драган Бурсач, испратени преку социјалните мрежи, се доказ дека слободното јавно мислење, за разлика од официјалните ставови, не е дозволено или добредојдено. Било какви закани кон новинарите се недозволиви и претставуваат огромно кршење на медиумските и човековите права и слободи. Смртните закани поради јавно искажано мислење, бараат спроведување на итни и одлучни мерки од страна на судските власти и институции.

„Принудувајќи некој, особено принудувајќи ги новинарите да размислуваат и да пишуваат во согласност со политичките партии, поединци, групи или власти, не враќа во времето каде имаше отсуство на плурализам на мислењата. Очекувам одговорните институции да го казнат сторителот за ова сериозно криминално дело, како што е смртната закана“ рече Марко Дивковиќ, претседател на Здружението на новинарите на БиХ.

Ова е трета сериозна закана кон Бурсач од август минатата година. Пред само еден месец, смртни закани беа испраќани до Бурсач поради текстот „Дали Бања Лука го слави геноцидот во Сребреница?“, во врска со настанот за поддршка на Ратко Младиќ, кој е обвинет за најлошите воени криминали извршени во БиХ.

Текстот бил објавен на 11 јули, ден кој се одбележува по повод геноцидот во Сребреница. До овој случај, ниту еден од сторителите не бил процесуиран.

Регионалната Платформа за застапување на слободата на медиумите и новинарската безбедност предупредува, не прв пат, дека нападите врз новинарите претставуваат напади врз слободата на говорот и известувањето. Поради содржината на новинарскиот текст или некој друг медиумски производ, овој напад го сметаме за неприфатлив и претставува опасен напад врз слободата на известување. Ве потсетуваме дека секој напад врз новинарите претставува напад врз сите граѓани.

Исто така очекуваме сторителот да биде осуден што е можно побрзо, што ќе испрати јасна порака до јавноста дека слично однесување спрема новинарите е неприфатливо и експресно ќе биде санкционирано.

Регионалната платформа ги поддржува Здружението на новинарите на БиХ и другите новинарски и медиумски организации во напорите за да ги заштитат новинарите и слободата на говорот. Платформата исто така ги повикува меѓународните организации кои се бават со заштита на слободата на медиумите и правата на новинарите да бараат од босанските власти итно да се осуди сторителот.

Во првите седум месеци оваа година, во БиХ се евидентирани 36 случаи на директен притисок, вербални закани и физички напади врз новинарите, вклучувајќи го и последниот инцидент.

актуелно Бања Лука БиХ Сребреница
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.