Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Новиот закон за платежни услуги и платни ситеми поставен на ЕНЕР
Економија

Новиот закон за платежни услуги и платни ситеми поставен на ЕНЕР

март 5, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Новиот Закон за платежни услуги и платни системи, кој од денеска е поставен за јавна консултација на Единствениот национален регистар за прописи – ЕНЕР, ќе придонесе кон либерализација на пазарот на платежни услуги, информираат од Министерството за финансии. Тој, како што стои во соопштението, ќе овозможи влез на нови даватели на платежни услуги, пред сè од ФинТек секторот и ќе поттикне дигитална трансформација на постојните учесници на пазарот.

Очекуваното зголемување на конкуренцијата ќе придонесе кон создавање поширок и поквалитетен сет на платежни услуги за потрошувачите и компаниите.

Од Министерството за финансии наведуваат дека законот, на чија поготовка работеа тимот на Министерството за финансии заедно со тимот на Народната банка, во консултации со банкарскиот сектор и другите засегнати страни, ќе обезбеди и повисоко ниво на заштита на правата на корисниците на платежни услуги.

Воедно, додаваат, со неговото носење ќе се подигне нивото на хармонизираност на домашната правна регулатива во подрачјето „Слободно движење на капиталот“, во рамки на нашиот пат за членство во ЕУ, како еден од предусловите за вклучување на Република Северна Македонија во Единствената европска платежна област (СЕПА).

-Во рамки на овој закон, чија примена се очекува од почетокот на следната година, се предвидува и воведување платежна сметка со основни функции, која ќе може да ја отвори секој граѓанин. Отворањето на сметката како и неколку основни платежни услуги, за ранливите категории ќе биде бесплатно, со што ќе се подигне степенот на финансиската инклузија за која се залагаме, истакнуваат од МФ.

Новиот Закон за платежни услуги и платни системи ќе придонесе кон одржување на ефикасен, сигурен и стабилен национален платен систем, подготвен за негова понатамошна платежна интеграција со платежната инфраструктура на ЕУ и пошироко.

енер платежни услуги
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

јуни 8, 2026

Горивата од полноќ со нови цени

мај 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.