Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нови 14 дена вонредна состојба, за заокружување на здравствените одговори на пандемијата
Македонија

Нови 14 дена вонредна состојба, за заокружување на здравствените одговори на пандемијата

мај 16, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нова вонредна состојба во траење од 14 дена за справување со економските ефекти поврзани со Ковид-19, како и за заокружување на здравствените одговори на пандемијата прогласи вчера претседателот на државата Стево Пендаровски, иако Владата бараше нови 30 дена вонредна состојба.

Ова е трето прогласување на вонредна состојба, откако првично беше прогласена на 18 март, по што беше донесена уште една одлука за нови 30 дена, која завршува денеска, на 16 мај.

Пендаровски по седницата на Советот за безбедност рече дека надлежните институции работат координирано и оти ситуацијата е подобрена и евидентно е дека како држава добро се справуваме со корона кризата.

„По широките консултации што деновиве ги имав со повеќе експерти и со советниците во Кабинетот, а врз основа пред се од кажаното и предложеното на седницата, одлучив да прогласам нова вонредна состојба во траење од само 14 дена, наместо бараните 30. Со оглед на позитивните трендови на смирување на пандемијата сметам дека 14 дена се доволни. Причина за ваквата одлука е имплементирање на економско-социјалните мерки за ублажување на последиците од пандемијата што сега се чувствуваат поради фактот што огромен број на фирми не работеа и се уште не работат“, образложи претседателот на државата.

Шефот на државата нагласи дека траењето на вонредната состојба од 14
дена нема никаква корелација со датумот за избори и дека тоа е посебна тема која ќе се дискутира на следната лидерска средба на почетокот на идната недела.

Осврнувајќи се на, како што рече, многубројните реакции од граѓани на мерките за справување со коронавирусот, а се на пример поврзани со ограничувањето на движењето, затворањето на школите и градинките или на стопанските субјекти, Пендаровски потенцира дека тие не се на ниеден начин поврзани со декларирањето на вонредната состојба.

„Поинаку кажано, дури и во вонредна состојба тие можат да бидат укинати“, рече Пендаровски.

Шефот на државата побара од Владата да размисли за постепено намалување на рестрикциите на движењето на граѓаните и во однос на работата на стопанските субјекти.

Двете одлуки на претседателот Пендаровски за прогласување вонредна состојба останаа непотврдени од Собранието, поради тоа што тоа беше распуштено.

Тие беа оспорени пред Уставниот суд, но тој реши дека нема основа за поведување постапка за оценување на нивната уставноста и законитост.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата, досега, изнесува 1.740, бројката на оздравени пациенти е 1.251, на починати е 97, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 392.

 

 

актуелно вонредна состојба
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.