Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » НОВОТО ЛИЦЕ НА АМЕРИКА: Новиот Претставнички дом ги донесе првите закони
СВЕТ

НОВОТО ЛИЦЕ НА АМЕРИКА: Новиот Претставнички дом ги донесе првите закони

јануари 11, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претставничкиот дом на САД го имаше првиот работен ден во понеделникот, една недела подоцна од вообичаеното, затоа што беа потребни 14 круга гласање за да се избере нов претседател.Кевин Мекарти, кој конечно во петокот стана претседател на Претставничкиот дом, а потоа и на Конгресот, тогаш рече дека раздорот „изградил доверба“ и ги научил како да работат заедно.Но, не е сигурно дека тоа е токму така.

Првите законски предлози поминаа со гласање по партиска линија, како што се и очекуваше. Започна со усвојување на пакет одлуки кои би можеле да се сметаат за деловник на Домот, за кој гласаа 220 претставници. Републиканската партија има 222 гласа во Домот, а еден претставник беше против. Сите гласови на Демократската партија, вкупно 213, беа против.

„Њујорк тајмс“ истакнува дека новиот „деловник“ ја олеснува смената на претседателот, што е повеќе од очигледна отстапка на Мекарти на радикалната десничарска група која се спротивстави на неговиот избор.

Што може да се гледа како карма затоа што Мекарти учествуваше во процесот на детронизација на Џон Бејнер, претседателот на Претставничкиот дом, во 2015 година: сега е доволно едно барање од кругот на Републиканската партија за да започне процедурата за смена, а против него беа 20 десни гласови. Во пакетот е и најавениот предлог за формирање нови истражни одбори кои, како што најавија од Републиканската партија, ќе се фокусираат на работата на администрацијата на претседателот Џо Бајден, но и на некои членови на неговото семејство. Тоа е одмазда за комитетот што ја истражуваше улогата на поранешниот претседател, Доналд Трамп, во нападот на разулавената толпа на американскиот Конгрес на 6 јануари 2021 година. Очекуван чекор се и мерките кои го отежнуваат подигањето на даноците и трошењето на федералните пари, што може да предизвикаат проблеми, бидејќи наскоро ќе се појави проблем со недостиг на средства за потребите на федералната влада. За време на мандатот на претседателот Барак Обама, кога „црвената партија“, бојата на Републиканската, имаше мнозинство, дојде до блокада на владата. Според наводите на анализата на АП, одлуката на „црвените“ да се редефинира работата на Одборот за етика има за цел да го отежне покренувањето постапка против претставниците.

Новина е и одлуката дека избраните претставници мора да имаат најмалку 72 часа да го разгледаат законскиот предлог пред да започне процесот на гласање.

„Закони се појавуваат во темнината на ноќта; закони кои никој не ги прочитал, долги илјадници страници“, рече Стив Скализ од Луизијана, лидерот на мнозинството.

„Денес започнува тој процес – на поправање на она што е расипано во Вашингтон, за Вашингтон конечно да може да почне да работи за луѓето во оваа земја кои се трудат“, истакна Скализ. Додавајќи дека сите усвоени правила „земени заедно, ја зголемуваат транспарентноста на законодавниот процес“.

Но, тие, смета тој, би можеле да му отежнат на Претставничкиот дом да ги исполни дури и најосновните должности во следните две години, како што е финансирањето на владата, вклучително и на војската или избегнување на катастрофален банкрот на федералната влада. Оневозможено е и гласањето без присуство во зградата на Конгресот, кое беше воведено за време на корона кризата.

Мнозинството на Претставничкиот дом потоа усвои закон со кој на Даночната управа (IRS, Internal Revenue Service) ќе и се укинат 71 милијарда долари дополнително финансирање, закон донесен од „демократското мнозинство“ со цел да се истражуваат даночни измами. За беа 221, против 210.

На овој закон му треба потврда од Сенатот каде што „сината партија“ (бојата на демократите) сеуште има најмало можно мнозинство кое го донесува потпретседателката Камала Харис, бидејќи Кирстен Синема, сенаторката од Аризона, премина од демократските во редовите на независните.Што, пак, гарантира дека овој закон нема да биде прифатен во таа форма.

Првите потези на новото мнозинство покажуваат дека клучен проблем за претседателот на Конгресот ќе биде обезбедувањето поддршка внатре во сопствената Републиканска партија. Демократската партија ќе следи што се случува, сметајќи дека Сенатот ќе спречи се што е спротивно на нивните интереси. Ова е далеку од идеална опција бидејќи парламентарното мнозинство ќе биде уценувано од радикалното малцинство, кое и онака е презастапено во бројни одбори. Очигледната блокада на законодавниот процес предизвикана од внатрешните конфликти на Републиканската партија може да влијае на неопределеното гласачко тело, на изборите што треба да се одржат за две години од сега да се сврти кон Демократската партија. Во Белата куќа сметаат на тоа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Извор: „Јутарњи лист“ / Фото: ЕПА-ЕФЕ)

актуелно Америка Вашингтон демократи Претставнички дом републиканци Сенат
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.