Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл

ноември 5, 2026

Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги

ноември 5, 2026

Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот

ноември 5, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ново Обвинителско одделение за гонење криминал и корупција
Во Фокусот

Ново Обвинителско одделение за гонење криминал и корупција

октомври 30, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со по 84 гласа „за“, а ниту еден „против“ и „воздржан“, Собранието ги донесе денеска долгоочекуваните измени во законите за јавно обвинителство, за кривична постапка и за судовите 

Со измените на Законот за јавно обвинителство се овозможува да се формира посебно одделение за истражување и гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција. Одделението ќе има посебна стручна служба и јавнообвинителски истражители од истражниот центар што ќе се формира. Јавните обвинители и раководителот на одделението ги распоредува јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за време од четири години со право на повторен избор. За својата работа Одделението ќе изготвува годишен извештај што ќе го доставува до Основното јавно обвинителство за организиран криминал, Советот на јавните обвинители, Јавниот обвинител и до Собранието.

Во текот на расправата, пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека ќе ги поддржат законите за кои водеа дијалог и побара интензивирање на разговорите за промени на собранскиот Деловник, како сѐ уште отворен дел од реформите за кои имаше дијалог.

Фросина Ташевска Ременски од СДСМ нагласи дека со законите се заокружува процесот за воведување надворешен механизам за контрола на работата на полицијата, со формирање посебно одделение за истражување и гонење кривични дела сторени од овластени службени лица и припадници на Затворската полиција во рамки на ОЈО за гонење организран криминал и корупција.

„Ова е многу важен исчекор во реформата, особено во делот на формалниот надворешен механизам за контрола на работата на полицијата имајќи предвид дека сето она што го имавме досега и како пракса и као нотирани забалешки од бројните извештаи за тортура, за пречекорување на полициски овластувања и други дела сторени од овластени службени лица се сведуваше буквално на волјата на ЈО да ги третира по допрен глас или пак волјата на внатрешната контрола при МВРда поведат одредена истрага или забелешки и пријави од граѓани“, рече Ташевска Ременски.

Со усвоените измени и дополнувања на Законот за кривична постапка, пак, треба да се надминат постојните недостатоци во областа на посебните истражни мерки, кои беа лоцирани во извештаите на меѓународните организации, а посебно беа обработени во двата извештаи на европскиот експерт Рајнхарт Прибе. Во опфатот на правосудната полиција покрај постојните категории лица, се додаваат и овластените службени лица на Министерството за одбрана кои работат на откривање и пријавување на кривични дела. Воедно се врши усогласување на одредбата за укинување на притворот во однос на жалбата согласно јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права.

Законот за дополнување на Законот за судовите е исто така дел од пакетот закони за воспоставување независен надворешен контролен механизам за припадници на полицијата и затворската полиција. Со членот 1 од тој Закон се пропишува нова надлежност на специјализираното судско одделение надлежно за судење дела од областа на организираниот криминал и корупција за целата територија на Македонија во Основниот суд Скопје I – Скопје. Конкретно, одделението ќе може да суди за кривични дела извршени од полициски службеник, овластено службено лице за безбедност и контраразузнавање со полициски овластувања, припадници на финансиска полиција, со закон овластени лица на Царинската управа кои работат на откривање кривични дела и овластени службени лица на Министерството за одбрана кои работат на откривање и истражување кривични дела или припадници на затворската полиција, при вршење на службено дејствие.

Постапувањето се однесува и за кривично дело извршено вон службата со употреба на сериозна закана, сила, или средства за присилба што за последица има смрт, тешка телесна повреда, телесна повреда, противправно лишување од слобода, мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување доколку со закон е предвидено кривично гонење по службена должност

 

Љубиша Станковиќ

Правосудство.мк

актуелно корупција криминал обвинителство ОЈО сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл

ноември 5, 2026

Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги

ноември 5, 2026

Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот

ноември 5, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.