Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » НОВ БРАН!? Научници предупредуваат за нов вид на ковид
Во Фокусот

НОВ БРАН!? Научници предупредуваат за нов вид на ковид

август 16, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Стравот од повторно појавување на Ковид расте после откривањето на новата варијанта за која научниците веруваат дека е „вистинската работа“, пишува „Дејли Мејл“.

Научниците веќе повикаа на враќање на маските за лице поради новиот вид на ковид кој допрва треба да биде официјално именуван, но засега се нарекува БА.6.

Други, пак, предупредуваат дека е премногу рано за паника и тврдат дека ограничувањата од периодот на пандемијата нема да бидат потребни.

Стапките на хоспитализација поради Ковид веќе почнуваат да растат, што предизвикува загриженост од можноста од нов бран.

Порастот на инфекциите следи по доаѓањето на новата варијанта наречена „Ерис“, што е веќе еден од седум нови случаи на коронавирус во Велика Британија, велат тамошните здравствени власти.

Експертите тврдат дека лошото време и „Барбенхајмер ефектот“, кој се однесува на филмовите „Барби“ и „Опенхајмер“, исто така, можат да придонесат за пораст на инфекциите и за слабеење на имунитетот.

Засега нема знаци дека новооткриената варијанта претставува поголема опасност од оние досега познатите, вклучувајќи ја и варијантата „омикрон“.

Подоцна оваа година во Велика Британија на постарите од 65 години и ранливите групи ќе бидат понудени дополнителни вакцини.

Нова варијанта на вирусот, се чини, веќе почна да кружи, а забележана е и во Данска и Израел.

Експертите мислат дека оваа варијанта има повеќе од 30 мутации.

Меѓутоа, сè уште не се знае дали оваа варијанта значително ќе се шири или едноставно ќе исчезне.

Д-р. Триша Гринхалг, експертка за примарна здравствена заштита на Универзитетот во Оксфорд, објави на Твитер дека се чини е „повторно време за маскирање“.

Професорката Кристина Пагел, математичарка од Универзитетскиот колеџ во Лондон, рече дека сè уште е многу рано, но оваа варијанта на корона вирусот има многу нови мутации кои ја прават поинаква од претходните видови и е потенцијално поспособна да предизвика голем бран.

актуелно вакцини Велика Британија вирус данска Израел ковид корона маска Омикрон
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.