Новозеландската полиција и царината одзедоа 190 килограми кокаин, чија улична вредност изнесува преку 25 милиони долари. Дрогата во Окленд стасала во пратка со банани.
Заради вмешаност во случајов уапсено е едно лице, маж на четириесетгодишна возраст.
Како што се наведува, ова до сега е најголема заплена на некоја дрога на Нов Зеланд, пренесува Ројтерс.
Истражителите наведуваат дека дрогата била наменета за Австралија.
„Оваа заплена спречи голема штета“, изјави новозеландскиот министер за трговија Крис Фафој.







