Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нов протест во Грција против Договорот од Преспа
Во Фокусот

Нов протест во Грција против Договорот од Преспа

јули 2, 2018Updated:јули 2, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во судири меѓу полицијата и демонстрантите завршија вчерашните протести во Солун и Атина против Договорот од Преспа. Во грчката престолнина беа уапсени три лица, а едно беше повредено.

За денеска во Солун е закажан нов собир.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, за време на протестот пред грчкиот Парламент се случија инциденти, откако поголема група маскирани лица ја нападнаа полицијата со пиротехнички материјали и разни предмети како дрва, камења, пластични шишиња и слично.

Специјалците одговорија со употреба на солзавец и шок бомби.

Работата на новинарските екипи дополнително ја отежнаа маскираните лица, кои вербално ги нападнаа новинарите, снимателите и фоторепортерите, побараа да се оддалечат од местото каде што се случија инцидентите и не дозволуваа да се снима или да се фотографира, а на еден фотограф се обидоа да му го оштетат фотографскиот апарат.

Веројатно е дека не станува збор за анархистичка група како што е случај на протестите поврзани со економијата, туку маскираните лица неофицијално се радикални десничари.

Инцидентите не траеја долго, ситуацијата се смири, граѓаните продолжија да протестираат, но делот околу Парламентот беше под силно полициско обезбедување.

Кусо пред полноќ, полицијата успеа да ја испразни улицата пред грчкиот Парламент, откако подолго време група од околу 50-тина лица одбиваше да си замине. Велеа дека се националисти и патриоти и немаат намера да предизвикаат инциденти. Откако не одговорија позитивно на барањата на полицијата да се повлечат, специјалците употребија солзавец во вид на спреј, се обидоа еден по еден насилно да ги отстранат, но безуспешно.

Групата, која беше неповрзана со онаа што претходно предизвика инциденти, извикуваше дека Македонија е грчка и пееше грчки патриотски песни, но и грчката химна. По инсистирањето на полицајците, групата реши да се повлече, со што и заврши вчерашниот протест во Атина.

И покрај тоа што беше најавуван како масовен, на собирот пред грчкиот Парламент имаше помалку од илјада лица, а меѓу нив Грци од сите возрасти, но и голем број свештени лица.

„Скопјане, Скопјане, никогаш нема да го земеш името“, „Македонија е грчка“, „Предавници“, беа дел од извиците на протестот, јави дописничката на МИА од Атина.

Меѓу демонстрантите на Синтагма, присутни беа и припадници или симпатизери и поддржувачи на Златна зора кои делеа и фрлаа флаери со порака дека Македонија е грчка, политичарите се предавници, а единствената надеж за земјата е Златна зора.

Со протестот во Атина, собир имаше и во Солун, а и таму не изостанаа инцидентите меѓу демонстрантите и полицијата. Судирите беа од помали размери во однос на оние пред грчкиот Парламент.

За денес, во 20 часот по локално време, во Солун е закажан нов протест против Договорот од Преспа.

 

21 ТВ

актуелно Атина Грција македонија парламент Протести
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.