Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » НУК иницира воведување критпо средства во угостителската индустрија
Економија

НУК иницира воведување критпо средства во угостителската индустрија

декември 1, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Независната угостителска комора (НУК) почна иницијатива за креирање иницијална понуда за издавање  глобален алтернативен крипто коин – крипто средства наменети за користење исклучиво во угостителската индустрија. Со тоа, според НУК, се обезбедува алтернативен извор и начин на прибирање средства за инвестирање и финансирање на македонски и регионални угостители и угостителски објекти.

Како што наведува Комората, приходите остварени од инвестициите во крипто средството, авансно ќе се исплатуваат и инвестираат во угостителите кои ќе имаат за обврска добиените средства да ги враќаат и исплаќаат со реализација и испорака на сопствени угостителски услуги.

-За побрзо да ја прекинеме агонијата на преживување од ден во ден и да изнајдеме алтернативни начини за финансирање, инвестирање и помош и поддршка на угостителската индустрија не само локално туку и регионално, ја почнуваме оваа иницијатива со колеги од Балканот за издавање на глобално крипто средство базирано на паметни договори како една нова модерна можност за прибирање на финансиски средства и промоција на македонскиот и балканскиот туристичко-угостителски сектор кој ги следи и имплементира модерните технологии во угостителскиот сектор, истакнуваат од НУК.

НУК објаснува дека на овој начин, со промоција на т.н. македонска и балканска крипто дестинација, индивидуалци од целиот свет кои сакаат да ги планираат и да инвестираат во своите годишни патувања и одмори – летувања и зимувања во земјава и во регионот, бизнисмени, тур-оператори и туристички агенции кои имаат потреба да закупат и резервираат повеќе различни угостителски капацитети, номади, инвестициски фондови и инвеститори, ќе можат да инвестираат и да го купат ова крипто средство по загарантирани повластени цени кои важеле на денот на купување со што ќе стекнат право да ги користат услугите на угостителите кога сакаат или да тргуваат со крипто средствата по актуелни цени во кој било момент од наредниот период.

Независната угостителска комора потсетува дека на четврти октомври достави барање до Народната банка, Министерството за финансии, Министерството за економија, Управата за јавни приходи и Централниот регистар за информации за можности за законска трговија и издавање крипто валути согласно постојната регулатива.

-Со оглед дека изминатите денови поради сите случувања со рударењето на крипто средства во медиумите се потврдија информациите достапни на официјалната страна на Народна банка дека кај нас, како и во други земји, прашањето на издавање, вложување и тргување со крипто-средствата не е регулирано ниту во Законот за девизно работење што го регулира и работењето со странство и ова значи дека работењето со крипто-средствата не е недозволено, туку во моментов тоа е нерегулирано.. Целокупната иницијатива со целосно иновативен пристап и решение за примена на крипто средства во угостителската индустрија може да се реализира запазувајќи ја постојната и усогласена со ново најавената законска регулатива за работа со крипто-виртуелни средства која се имплементира преку нацрт-закон за спречување перење пари и финансирање тероризам што е во собраниска процедура, напоменува Комората.

НУК најавува дека за реализација и евиденција каде можат да ги користат или тргуваат со крипто средства со кои располагаат, сопствениците и инвеститорите целосен увид во понудата на угостителските услуги кои ќе можат да ги користат од листата на членки – угостителски објекти ќе имаат преку специјализираната платформа за резервации и реализации за која веќе е во развој. Вредноста на услугите што ќе може да се користат преку платформата, ќе бидат изразени единствено во крипто средство. Преку платформата ќе се вршат и сите порамнувања за користените услуги и трансакции направени во и кај угостителските објекти.

 

МИА

актуелно крипто валута објекти ухостителски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.