Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Обвинетиот Рашковски го возвраќа ударот: Обвинителите го излажаа судот и ме наместија
Судски процеси

Обвинетиот Рашковски го возвраќа ударот: Обвинителите го излажаа судот и ме наместија

ноември 28, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Судијата кој одредил мерка притвор за Драги Рашковски и Даниел Станчев бил донесен свесно во заблуда од страна на обвинителите, бидејќи не му доставиле целосни докази, а прикажале и лажни искази“, стои во соопштението на адвокатите на пранешниот Генерален секретар на владата на Македонија, Драги Рашковски, обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и проневера на државни пари.

„На 15.04.2021 година како основен јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција првопријавената поднела предлог за определување на мерка притвор против Драги Рашковски и Даниел Станчев, како и предлог за определување на мерки за претпазливост кон Ивица Димитровски и Игор Христов со генералии како во предлогот.

Притоа, првопријавената кон судот доставила само дел од материјалите кои како материјален доказ ги има прибрано во предистражната постапка. Дел од нив ги доставила во нецелосен облик како што се прибавени, а поголем дел од нив воопшто и не ги доставила кон таквиот предлог. Првопријавената заедно со второпријавената како нејзина претпоставена, но и како јавен обвинител кој ја водел предистражната постапка и до неа биле доставувани материјалните докази, ги скриле и не ги доставиле до судија на претходна постапка сите прибрани материјални докази.

Материјалните докази кои не биле доставени утврдуваат сосема поинаква фактичка состојба, со што на судијата на претходна постапка му прикажале лажни и нецелосни докази со цел да го доведат во заблуда и од неа да предизвикаат носење на решение како во диспозитивот.

Двете пријавени дејствувале координирано и заеднички при што свесно направиле селекција на материјалите, свесно сугерирале допишување во доказниот материјал кои не се утврдени со никаква законска постапка.

Двете пријавени свесно и злонамерно ја искористиле својата службена положба и овластување и таквите селектирани информации ги изнесувале во јавноста со цел да создадат лажна перцепција во јавноста со лажно обвинување за сторено кривично дело.

Првопријавената во соработка со второпријавената иако сами ги побарале доставените документации, истите не ги приложиле кон Пописот на списите кој го доставиле до судијата на претходна постапка, а наместо тоа доставиле материјали кои се прибавени со истите барања, но се без никаква важност во одлучувачкиот процес.

Со опишаните дејствија, првопријавената сторила повеќе кривични дела и тоа: “Противправно лишување од слобода“ од член 140 став 5 в.в став 1 од КЗ на РСМ, кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 3 в.в став 1 од КЗ на РСМ, кривично дело “Несовесно работење во службата” од член 353-в став 3 в.в став 1 од КЗ на РСМ, кривично дело “Поднесување лажни докази” од член 366-а став 2 в.в став 1 од КЗ на РСМ, кривично дело “Спречување на докажување” од член 368 став 1 од КЗ на РСМ., додава одбраната на Рашковски.

актуелно доказ Драги Рашковски обвинение
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.