Времето претпладне ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд.
Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намалува.
„Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во Пелагонија“, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од 8 до 17 степени, а дневната од 13 до 21 степен.
Во Скопје и околината времето претпладне ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне ќе престанат, а облачноста ќе се намалува.
Утринската температура ќе достигне до 14 степени, а дневната до 18 степени.







