Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Објавена аудиоснимка на која Јанакиески и Николоски договараат сообраќајка на патот Охрид – Кичево
Македонија

Објавена аудиоснимка на која Јанакиески и Николоски договараат сообраќајка на патот Охрид – Кичево

јули 8, 2020Updated:јули 8, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На јутјуб-каналот „Обнова на режимот“ денеска е објавена аудиоснимка од телефонски разговор помеѓу поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и актуелниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Во разговорот се слуша како Јанакиески му предлага на Николоски да организираат сообраќајна незгода на превојот Пресека на патниот правец Кичево – Охрид, со цел да спречат поголема група Албанци да пристигнат на гласање на локалните избори во Кичево во 2013 година, кои претходно требало со два авиони да слетаат на охридскиот аеродром.

Разговорот почнува со зборовите „кажи, шефе“, со кои Николоски му се обраќа на Јанакиески, кој пак му вели: „Александар, слушај сега, идеја со Горде ја зборевме.

Има два авиони Шиптари слетуваат сега во четиричетири и пол. Да направиме една сообраќајна несреќа кај Пресека, ситна.

Да се коли, па МВР увид, ваму-таму, трактор да се испреврти, нешто, сериозно ова ти го зборувам.“

На ова Николоски одговара дека нема ништо против идејата и предлага на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска да ѝ рече тоа за да го организираат „нејзините од МВР“.

– Ќе се организира таа работа, не ми е проблем, вели Николоски.

На ова Јанакиески прашува дали „не може некој од членството да излезе да чукне некој трактор со кола, пополека“. Николоски одговара дека ќе му рече на извесен нивни член од Кичево да го организира тоа.

– Јави му се…, ама негде накај Охрид, нека направи, ајде, вели Јанакиески.

Николоски прашува кога слетува авионот, на што Јанакиески одговара „во четири“.

Сличен разговор беше презентиран и во судскиот процес за предметот „Титаник“ за изборни измами пред две години, на кој се слушаа предлозите на Јанакиески и Јанкуловска на денот на изборите, 24 март 2013 година, некои членови на ВМРО-ДПМНЕ да превртат трактор или пак да истурат песок од камион за целосно да го блокираат патот Кичево – Охрид, бидејќи како што велат Албанците „од аеродромот одат со автомобили, а не со автобуси“.

Потеклото на овие снимки кои се објавуваат на повеќе новокреирани канали на Јутјуб не е познато. СДСМ, како што изјави во интервју за МИА, лидерот на партијата Зоран Заев веќе поднела кривична пријава до Обвинителството за сите објавени бомби од почетокот на кампањата, па досега, на јутјуб-каналите.

актуелно договарање јанакиевски николовски снимка сообраќајка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.