Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Објектите во земјава висококвалитетни, може да издржат земјотрес со интензитет од девет степени
Економија

Објектите во земјава висококвалитетни, може да издржат земјотрес со интензитет од девет степени

ноември 29, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Земјава може да се пофали со најквалитетна градба во опкружувањето, подобра од Бугарија, Грција, Албанија. Сите објекти се според пропишаните стандарди за армиранобетонски конструкции и може да издржат земјотрес со интензитет од девет степени или со магнитуда 6,5 до 7 според Рихтер“, велат од Институтот за сеизмологија и Градежната комора при Сојузот на стопански комори.

Како што рекоа денеска на прес-конференција директорот на Институтот, Влатко Шешов и претседателот на Градежната комора, Ивица Јаќимовски, освен новите, квалитетни се и постарите објекти, но мора да се води многу сметка и да се пристапи сериозно при нивното евентуално доградување или надоградување.

Според Шешов и Јаќимовски, тоа што се случи во Албанија, не е возможно да се случи кај нас.

Сите објекти за кои се бараат градежни дозволи, независно дали се на ќоше, во маало, во помало место, минуваат низ системот на ИЗИС, а тоа е гаранција за безбедност и квалитет.

„Не треба да се сомневате дека тоа што се гради сега, е неквалитетно. Тоа е апсурд. Не треба да значи дека ако бојата на фасадата избледала, се работи за неквалитет. Бетонот и железото се основата која го прави објектот квалитетен“, истакна Јаќимовски, дополнувајќи и дека не е возможно денешните градби да бидат понеквалитетни од поранешните, веќе стари и дотраени.

Негова оценка е дека секој не смее да гради, а вакви природни катастрофи и појави не треба да бидат поука како да се работи.

„Сите градежни проекти кои се пуштени во процедура, подлежат на дополнителни контроли во текот на проектирањето. Позитивно мислење се дава само доколку проектот ги задоволува техничките стандарди и прописи. Ако се работи за поголеми површини, ИЗИС е должен да излезе и на терен, за да провери дали квалитетот на конструкциите соодветствува со основниот проект за кој е добиена градежна дозвола“, нагласи Шешов.

Земјотресите во 2016 година од кои еден беше доволно силен, потврдија, рече директорот на ИЗИС, дека градбите кај нас се квалитетни. Ниту една не се сруши. Имаше само мали оштетувања на некои од постарите објекти.

„Земјотреси имало, има и ќе има. Предвидувањата дали и кога ќе се случат не се наш таргет. Нашата цел е да се градат објекти кои без поголеми оштетувања ќе ги преживеат земјотресите“, објасни Шешов.

Во врска со квалитетот на дивоградбите, Јаќимовски, одоговорајќи на новинарско прашање, рече дека никој не може да гарантира, иако тоа не значи дека дел од нив не се квалитетни.

„За квалитетот на градбите што се легализираат никој не може да гарантира зашто при легализацијата постапката не е иста со онаа при легалното градење“, дециден беше претседателот на Градежната комора.

Тој уште еднаш подвлече дека секој што учествува во градба не смее да импровизира, како и дека се битни сите учесници во процесот, проектанти, статичари, надзор, инвеститори во материјали, изведувачи, …

„Не смее да се отстапува од квалитетно домување“, потенцира Јаќимовски и апелира граѓаните кои планираат инвестиција, да соработуваат со лиценцирани компании, наместо да купуваат материјали од сомнителни правни лица.

Директорот на Институтот за сеизмологија, Шешов, на пресконференцијата најави дека екипи на ИЗИС следната недела, во координација со Владата и Албанската амбасада, ќе заминат за Албанија каде ќе учествуваат во т.н. брза проценка на безбедноста на објектите.

Практично ќе помогнат во означувањето на оние објекти кои се опасни за натамошно домување.

актуелно земјотрес објекти
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.