Илјадници пожарникари и денес ја продолжија борбата против честе шумски пожари кои и понатаму горат во Јужна Калифорнија.
Во меѓувреме полицијата соопшти дека огнот ја однесе и првата жртва – седумдесет и едногодишна жена, пренесува АП.
Метеоролозите предвидуваат дека временските услови ќе продолжат да ги „поддржуваат“ пожарите заради што ќе биде отежнато нивното гасење за 8.700 пожарникари кои се борат со огнената стихија веќе пет дена, пренесува Ројтерс.
Поради пожарите, исто така, 212.000 луѓе морале да ги напуштат домовите.
Силните пустински ветришта се закануваат уште повеќе да ги рашират пожарите кои беснеат во Јужна Калифорнија, од округот Вентура, северно од Лос Анџелес, па се до Сан Диего на југ, во кои, според наводите на локални официјални лица, се уништени повеќе од 1.000 куќи и други објекти, повредени се вкупно десет лица, шест цивили и четири пожарникари.
Округот Вентура денеска го посети гувернерот на Калифорнија Џери Браун кој изјави дека пожарите во зимскиот период станаа „нова нормалност“. Тој предупреди дека има големи шанси и за Божик да се гаси оган.







