Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Одбележана 17-годишнината од загинувањето на прилепските бранители на Карпалак
Во Фокусот

Одбележана 17-годишнината од загинувањето на прилепските бранители на Карпалак

август 8, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со панихида што ја отслужија свештеници од тетовското архиерејско намесништво на МПЦ-Охридска архиепископија, како и со полагање на венци и букети цвеќе на спомен плочата посветена на 10-те загинати припадници на АРМ од Прилеп, денеска во месноста Карпалак на автопатот Тетово Скопје беше одбележана 17- годишнината од нивното загинување.

Државни, воени и други почести на загинатите прилепски бранители им оддадоа делегации од Министерството за одбрана, Кабинетот на претседателот на државата, Владата, Собранието, Општината и Советот на Прилеп, членови на семејствата на загинатите, здруженијата „Карпалак“, Одбор на бранители, воени обврзници, воени ветерани, Бедем од Тетово, здружението на Срби и Македонци, КУД Бранко Чајка од Тетово, навивачката група Војводи, како и претставници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од нивните централи и од Тетово.

Во своето обраќање претседателот на Одборот на бранители Марин Најдов сподели дел од своите сеќавања на овој ден од пред 17 години кога со други војници од Прилеп биле на армиските позиции на Попова Шапка.

„На овие десетмина овде загинати единствената вина им беше што се одѕваа на поканата да ја бранат својата татковина, без разлика на цената што ќе ја платат и која ја платија, а тоа беа нивните животи за жал. Тоа беше страшен ден во нашата понова историја, како за семејствата, така и за нас бранителите и сите граѓани на Македонија. Немаме право да изгубиме волја да ги чествуваме и евоцираме спомените на нив, бидејќи тоа е најмалку што можеме да направиме за нив после сѐ. Секое злосторство е вечно и не може да се заборави и оправда. Можеби политиката некогаш има потреба да го направи тоа, но ние бранителите немаме право на тоа“, рече Најдов.

Според возачот на нападнатиот и изгорен автобус од тогашниот армиски конвој Ацо Јованоски Реган, останува големата болка поради немањето достоинствено спомен обележје за прилепските бранители на местото од нивното загинување во Карпалак.

„Секоја година го одбележуваме овој ден без достоинствен споменик на кој ќе положиме цвеќе, туку тоа го правиме на банкината од автопатот. Овие загинати заслужуваат многу повеќе, а ние како град Прилеп и прилепско сме горди, бидејќи тие го дадоа најскапоценото, нивните животи бранејќи го интегритетот на Македонија“, изјави Јованоски.

Поранешниот бранител Стојанче Ангелов кој денеска присуствуваше на Карпалак како претставник на Владата најави дека Владата ќе се обиде да го зачува споменот на сите бранители кои го дале животот за државата, како и да им помогне на нивните семејства, воените инвалиди и сите други засегнати бранители на државата.

Во однос на барањето за изградба на споменик во Карпалак, Ангелов рече дека постојат повеќе спомен обележја посветени на десетте загинати прилепски бранители меѓу кои централното е на плоштадот во Прилеп, но оти како Влада доколку добијат официјална инцијатива за тоа ќе ја разгледаат и, како што рече Ангелов, ако таа биде издржана ќе помогнат во нејзината реализација за поставување спомен обележје на Карпалак.

На одбележувањето беше и пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев кој истакна дека ова е тажен помен и момент за сеќавање како и вечна слава за сите кои се бореа и загинаа за Македонија.

На 8 август 2001 година на патот Скопје-Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата на Република Македонија при што загинаа десетте армиски припадници од Прилеп и прилепско Нане Наумоски, Сашо Китановски, Горан Миновски, Ердоган Шабановски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Велјановски, Пеце Секуловски, Веби Рушитовски и Мирко Деспотовски.

 

МИА

актуелно вмро-дпмне карпалак македонија Прилеп
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.