Денеска во 11:00 часот во Касарната „Илинден“ во Скопје ќе се одржи свеченост по повод одбележување на 3. годишнината од пристапувањето на Северна Македонија во Северно-атлантската Алијанса.
По тој повод свое обраќање ќе имаат Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
По обраќањата ќе следуваат показни вежби на припадниците на Армијата
На свечениот настан ќе присуствуваат претставници од Кабинетот на врховниот командант на Армијата и Претседател на Република Северна Македонија, претставници од Собранието, министри во Владата, претставници од воено дипломатскиот кор акредитиран во нашата земја и други гости.
Ве покануваме да присуствувате на настанот.
Заради запазување на процедурите за влез, замолуваме претставниците на медиумите да пристигнат пред влезот во касарната „Илинден“ најдоцна до 10:00 часот.







