Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Одлуката за преговори со Северна Македонија ќе ја носи лично Макрон
Македонија

Одлуката за преговори со Северна Македонија ќе ја носи лично Макрон

октомври 2, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Нема напредок во заедничката позиција на Европската унија за одлуката за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Франција сѐ уште нема конечен став, се чека на претседателот Макрон лично.

Од Советот на ЕУ за МИА информираат дека не се донесени нови нацрт заклучоци за Северна Македонија и Албанија на денешниот амбасадорски совет во Брисел, на кој финското претседателство се надеваше дека ќе се постигне напредок во дискусијата за проширувањето.

-Утрово имаше кус преглед на позициите на сите земји членки на Унијата, вообичаено истите земји искажаа поддршка за брз старт на преговорите со двете земји, главно источните и јужноевропските држави, Холандија се покажа понаклонета кон Северна Македонија отколку кон Албанија, Белгија смета дека е важна внатрешната реформа на ЕУ, но од француска страна сѐ уште нема конечен став, велат за МИА дипломати од западните земји присутни на состанокот.

За сега, официјално, Париз се држи до добро познатата формула дека ја “поддржува европската перспектива на земјите од Западниот Балкан“, став кој мора да запази два принципа: почитување на владеењето на правото и борбата против корупција во земјите и внатрешна реформа на Европската унија претходно.

Од Советот велат дека од Франција не се очекува да ја дефинира јасно својата позиција најрано до самиот Совет за општи работи на 15-ти октомври во Луксембург, но не е исклучено прашањето да им се остави и на лидерите на ЕУ два дена подоцна на самитот во Брисел.

-Претседателот Макрон ќе ја носи одлуката лично во име на Франција, велат дипломатите во Брисел.

Според други дипломатски извори во ЕУ, изборот да се носи одлуката на ниво на шефови на држави и влади е стратегија на Париз за справување со притисокот со кој би се соочил од страна на земјите кои ќе бараат брзо отворање на преговорите со двете земји.

Друга непозната е одлуката на Холандија која се очекува идната недела.

Според сигналите на холандскиот парламент и холандскиот министер за надворешни работи, многу е веројатно Хаг да побара појасно одвојување помеѓу Скопје и Тирана, односно поголема условеност за Албанија.

Ова е конзистентно и со ставот на германскиот Бундестаг кој неодамна изгласа чиста поддршка за Северна Македонија, но условена за Албанија.

Домашните дипломати стравуваат дека доколку дојде до вакво сценарио, одредени земји членки би можеле да инсистираат на пакетот “СкопјеТирана“ и да се спротивстават на старт на преговори само со Северна Македонија.

Ставот на овие земји се темели врз страв дека преговори само со Северна Македонија би предизвикало незадоволство во Албанија и би можело да има негативни последици врз стабилноста во регионот како и врз дијалогот помеѓу Приштина и Белград.

Од друга страна, поддржувачите на Северна Македонија потсетуваат дека отсуството на награда за компромисот направен од македонска страна за спорот за името испраќа “многу опасен“ сигнал до Белград, кој “не гледа причина“ да презема политички ризик околу косовското прашање, објаснуваат европските дипломати кои се запознаени со содржината на дискусиите помеѓу земјите членки.

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно Макрон одлука преговори северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.