Крадци рано утринава влегоа во музеј во Дрезден и украдоа богатство чија вредност во старт се проценува на речиси една милијарда евра.
Засега е познато само дека е украден исклучително вреден антички накит.
Кражбата се случи во дрезденскиот историски музеј „Зелен трезор“, кој инаку ја содржи најголемата колекција на богатства од сите музеи во Европа.
Во меѓувреме се појави и снимка од надзорните камери кои го снимија овој грабеж.
https://www.youtube.com/watch?v=1PKbQNAA7pw&feature=youtu.be







