Со првиот ден од јануари на рафтовите во продавниците во Србија на секое пакување на кафе ќе има акцизна маркица. Тогаш почнува примената на една година порано донесениот Закон за акцизни маркици. На производителите и дистрибутерите на црната напивка е да одлучат дали новиот трошок ќе падне на товар на потрошувачите. Некои од најголемите компании тврдат дека се ќе оди на нивна сметка, како придонес во борбата против нелегалниот пазар.
Истовремено, постоечките акцизи, а тие моментно изнесуваат по 85,75 динари (околу 45 динари) за еден килограм непржено, односно 107,18 динари (околу 55 динари) за килограм пржено кафе, ќе бидат ускладени со овогодинешните трошоци за живот.
Државата од оваа мерка очекува дека во 2018 година во Буџетот ќе се слеат најмалку 4,5 милијарди динари. Воведувањето на акцизната маркица на кафето е дел од борбата против сивата економија.
„Иницијативата за воведување на акцизна маркица на самиот производ потекна од ’Гранд кафе’. Ние повеќе од две години го свртуваме вниманието на јавноста, затоа ни е драго дека државата превзеде вистински чекори“, објаснува Андреј Беле, генералниот директор на стратешки деловното подрачје на кафето на ’Адриатик групацијата’.
Воведувањето на дополнителните трошоци за компанијата никогаш не е безначајно, но како најголем производител и увозник на сурово кафе во Србија, нема да дозволиме воведувањето на акцизните маркици да се префрли на товар на потрошувачите, туку тоа ќе биде наш влог во борбата против нелојалната конкуренција и сивата економија. Секако ни претстои период на прилагодивање, но доста зависи и од висината на номиналната вредност која државата ја пропишува за акцизна маркица која се аплицира на поединечните пакувања.
Обележувањето на кафето од легалните текови во Босна и Херцеговина даде добри резултати. Нелегалниот увоз е намален за 30 до 40 отсто. Во Србија, се проценува, надвор од царинските контроли годишно влегува меѓу 4.000 и 5.000 тони сурово кафе. Од друга страна, легалниот пазар троши околу 23.500 тони.
До октомври 2012 година, акцизата се пресметувала како 30 отсто од фактурната вредност на суровото кафе. Од тој момент е утврдено таа да изнесува 80 динари за еден килограм сурово кафе. Ускладувањето се врши еднаш годишно во јануари и тоа со растот на трошоците за живот.







