Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Од утре наутро целосна забрана на движењето во Грција
СВЕТ

Од утре наутро целосна забрана на движењето во Грција

март 22, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис попладнево соопшти целосна забрана на движењето во Грција, што стапува во сила утре во шест часот наутро, а дозволено ќе биде само посета на супермаркети аптеки, посета на лекари или лица на кои им треба грижа, индивидуално спортување, прошетка на домашните миленичиња и оние кои работат да стигнат до нивните работни места и граѓаните, за прекршувачите ќе следува казна од 150 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

-Пред малку, им дадов наредба на надлежните министри да ги преземат неопходните активности, за од шест часот наутро во понеделник на 23 март, односно од утре, да стапи во сила забрана за секаков вид непотребно движење на граѓаните во целата држава, рече Мицотакис на почетокот од видео пораката до граѓаните.

Грчкиот премиер објасни дека секој граѓанин додека е надвор, ќе мора задолжително да носи лична карта или пасош, но и потврда за причините зошто излегол. На, како што рече, едноставен начин потврдите ќе може да се добијат преку интернет, преку порака на мобилните телефони, а можат да бидат дури и рачно напишани.

Од ограничувањата се ослободени членовите на владата и парламентот, вработените во здравствените служби, во армијата, во полицијата, како и во службите за цивилна заштита.

За контролата ќе бидат задолжени полицијата, општинската полиција, крајбрежната служба како и националниот орган за транспарентност.

-Во Италија, за жал, на секои две минути починува по еден човек. А ситуацијата се влошува насекаде во светот. Должен сум, да не дозволам, нашата земја да помине низ таков тест. Не смееме да стигнеме до степен да избираме кој ќе живее и кој ќе биде изгубен. Мојот избор е еден и единствен: Животот и здравјето на Грците, порача Мицотакис.

Грчкиот премиер во видео пораката до граѓаните рече дека коронавирусот „не разликува граници и народи, приходи или социјални групи“.

-Му се заканува на човекот, кој и да е, каде и да живее. Пред него, сите сме еднакви, истакна Мицотакис.

Грчкиот премиер, рече дека за денешната негова одлука, ги известил лидерите на политичките партии како и претседателката на Грција.

Во 19 часот по локално време, од оперативниот центар за цивилна заштита надлежните министри ќе соопштат детали околу целосната забрана на движењето во земјата.

Во Грција, бројот на заразени со новиот коронавирус денеска достигна до 624 лица, 15 лица починале.

актуелно Грција движење забрана
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.