Кинескиот претседател, Си Џинпинг, од 5 до 10 мај ќе ги посети Франција, Србија и Унгарија, соопшти денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.
Билатералните односи со Франција го задржаа силниот импулс на раст, а двете земји имаа стратешка комуникација и практична соработка, рече портпаролот Лин Џијан, говорејќи за посетата на Џинпинг на Франција.
„Кина се радува на соработката со Франција на понатамошното јакнење на меѓусебната политичка доверба, солидарност и соработка“, рече Лин.
Исто така изјави дека Си ќе разговара со српскиот претседател, Александар Вучиќ, за да разменат мислења за билатералните односи и да разговараат за унапредување на односите меѓу Кина и Србија.
Тоа ќе биде прва европска турнеја на кинескиот претседател по пандемијата на Ковид.
(Фото: Грег Бејкер / АФП)