Пет лица се водат за исчезнати по експлозијата на платформата за бушење на гас во Оклахома, соопштија официјални лица.
Повеќе од 20 вработени се наоѓале на платформата кога дошло до експлозијата, изјави шерифот на округот Питсбург, Крис Морис.
Снимките направени од воздух покажуваат дека огнот гори сеуште, и неколку часови после експлозијата, а дека металната конструкција над бушотината е срушена, пренесува АП.
„Речиси се на оваа локација гори“, изјави шефот за вонредна состојба на округот Питсбург, Кевин Енло.
Пожарот, според информациите што стасуваат од локслните медиуми и од новинските агенции, е ставен под контрола.
Бушотината припаѓа на компанијата „Патерсон – УТИ Енерџи“ од Хјустон, во Тексас, додека работите на платформата ги извршува компанијата „Ред Маунтаин Енерџи“ од Оклахома Сити.







