Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Околу 300 војници и 150 полицајци ќе ги обезбедуваат здравствените објекти
Македонија

Околу 300 војници и 150 полицајци ќе ги обезбедуваат здравствените објекти

ноември 25, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Околу 300 припадници на Армијата за време на прогласената кризна состојба ќе бидат  ангажирани во поддршка на полицијата за обезбедување на објектите согласно потребите на Министерството за здравство.

Припадниците на Армијата нема да бидат вооружени и ќе бидат распределени само онаму каде што ќе биде тоа неопходно, но исклучиво како придружба на полициските службеници.

Поддршката од Армијата не е заради инцидентите, туку да и се олесни на македонската полиција која треба да ги остварува надлежностите и во другите области.

Припадниците на Армијата ќе им помагаат полициските службеници, пред се за одржување на редот пред ковид центрите за да се овозможи поквалитетна и непречена работа на здравствените работници.

На барање на Главниот штаб завчера Министерството за внатрешни работи изработило конкретен план за точките кои ќе треба да бидат обезбедувани од страна на полицијата и Армијата и била утврдена вкупната бројка припадници на полицијата и Армијата.

Околу 150 полицајци и 300 припадници на Армијата ќе бидат ангажирани за обезбедување на здравствени објекти, но бројката е еластична.

Приватните болници, што имаат сопствено приватно обезбедување, нема да се обезбедуваат.

В.д. директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов вчера соопшти дека припадниците на специјалните единици ќе бидат употребени само во исклучителни моменти.

Додаде дека со цел да бидат целосно транспарентни во Акцискиот план се предвидува вклучување и на невладините организации, чии претставници ќе учествуваат на состаноците, но без право на глас.

Кризната состојба според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе придонесе за искористување на сите државни капацитети, но и делови од приватниот сектор, со цел да се заштити животот на граѓаните.

„Вака можеме полесно да ги искористиме сите потенцијали, а се да биде координирано од еден центар. Кризната состојба не значи дека од утре нешто се менува радикално. Тековните обврски на граѓаните се одвиваат непречено. Ние четири дена сме во кризна состојба, а граѓаните ги
извршуваат своите редовни обврски“, рече вчера Спасовски.

Тој вели дека засега нема потреба, но полицискиот час е опција доколку
има прогресирање на пандемијата.

Според него, мерките треба да се носат постепено за да се види дали даваат резултати.

Државата, вели, е тука и ќе направи се за да може да се заштити животот на граѓаните, здравјето и економијата.

Владата во петокот донесе одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од Ковид-19 и заради спречување на негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението.

Тоа беше на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, по претходен предлог на групата за процена.

Во четвртокот, Советот за безбедност препорача прогласување кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, со цел ефикасно справување со последиците од кризата заради корона-кризата.

Периодот за постоење на кризна состојба на територија на Северна Македонија е во траење од 30 дена.

актуелно војници здравствени објекти полицајци
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.