Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Опаѓа бројот на заразени и починати од Ковид-19, во тек се преговори за набавка на вакцини од Кина
Градови

Опаѓа бројот на заразени и починати од Ковид-19, во тек се преговори за набавка на вакцини од Кина

јануари 27, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Бројот на новозаразени од Ковид-19 и починати се намалува, покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје. Од 2518 тестови, вчера се регистрирани 444 нови случаи, а бројката на оздравени е двојно поголема.

Во Скопје и натаму најголем број заразени, односно вчера речиси половина од новозаразените се регистрирани токму во главниот град на државата.

Заболени лица се регистрирани во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години. Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години.

Вкупно 608 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава и има околу 559 празни болнички кревети во ковид центрите, меѓутоа бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера соопшти дека во тек се преговори за набавка на 200 илјади дози од кинеските вакцини. Со помош на кинеската Амбасада во земјава веќе се остварени контакти со тамошните производители на вакцини.

Филипче верува дека до крајот на неделава ќе ги имаат деталите во однос на договорот, цената и испораката. Тој не се сомнева во нивниот квалитет.

Системот „Мој тремин“ ќе ја има клучната улога во спроведувањето на вакцинацијата, која според најавите на министерот Филипче треба да започне во февруари.

За вакцините вчера разговарале и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел.

ЕУ нагласува дека на располагање ставила 70 милиони евра за регионот, од кои осум милиони се за Северна Македонија, за да се покрие набавката на дози и на потребна опрема за вакцинација, но засега вакцини за земјите надвор од ЕУ сѐ уште нема, и покрај ветувањата на Унијата и на механизмот Ковакс.

Нарачките од фармацевтските компании доцнат и за земјите членки, но во ЕУ се надеваат дека откако ќе се добијат потребните дози за втората рунда вакцинација ќе може да се забрза процесот и за третите земји, вон ЕУ.

актуелно број вакцини заразени Ковид-19 опаѓање починати
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.