Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Опозицијата победи на парламентарните избори во Косово, ВВ го прослави триумфот
СВЕТ

Опозицијата победи на парламентарните избори во Косово, ВВ го прослави триумфот

октомври 7, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Двете досегашни опозициски партии во Косово, Движењето Самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), според официјалните податоци на Централната изборна комисија (ЦИК), победија на вонредните парламентарни избори што се одржаа вчера во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Врз основа на 99,6 отсто од преброените гласови, партијата на Албин Курти, ВВ, освои 25,76 отсто, додека ЛДК на Иса Мустафа, која на овие избори ја предводеше кандидатката за премиерка Вјоса Османи, 25,06 отсто од гласовите.

Изразено во бројки, од над 851 илјада гласачи кои излегоа на гласање (од вкупно 1,937 милиони граѓани со право на глас), за ВВ гласале 197.134, додека за ЛДК 191.772 лица.

Од партиите кои до овие избори беа на власт, Демократската партија на Косово (ПДК) на досегашниот собраниски спикер Кадри Весели освои 21,18 отсто (162 илјади гласа), коалицијата на Алијансата за иднината на Косово (ААК) на досегашниот премиер Рамуш Харадинај со Социјалдемократската партија (ПСД) на приштинскиот градоначалник Шпенд Ахмети – 11,61 отсто, односно околу 89 илјади гласови, додека за коалицијата на Социјалдемократската иницијатива (Нисма) и Алијансата Ново Косово (АКР), партии на досегашните вицепремиери Фатмир Лимај и Беџет Пацоли, гласаа 37,7 илјади лица, односно 4,93 отсто од оние кои
излегоа на избори. Резултатот на оваа коалиција е едно од поголемите изненадувања на вчерашните избори, со оглед дека таа не успеа да го помине изборниот праг од пет отсто и нема да има пратеници во законодавниот дом.

Од партиите на косовските Срби, Српската листа забележа убедлива победа во однос на другите партии кои ја претставуваат српската заедница во земјата, со освоени 47,6 илјади гласови. Тоа е 6,22 отсто од вкупниот број на гласови на вчерашните избори и околу 98 отсто од гласовите кои ги добија сите партии на српската заедница во Косово.

По објавувањето на резултатите, ВВ синоќа на полноќ организира прослава во центарот на Приштина, на која присуствуваа повеќе илјади нејзини членови и приврзаници. Партискиот лидер Курти, во своето обраќање од плоштадот „Скендербег“ порача дека новата влада, која ќе ја води тој, ќе стави крај на државниот криминал, корупцијата и непотизмот и ќе соработува со САД, Германија и другите партнери од Западна Европа, а ја повика ЛДК и Вјоса Османи заедно да ја водат земјата.

Османи во изјава за медиумите изрази задоволство поради тоа што, како што рече, „опозицијата ја испрати власта во опозиција“. За соработката со ВВ најави дека ќе се разговара откако ќе бидат официјализирани резултатите на гласањето, вклучително и броењето на гласовите на дијаспората кои се испратени по пошта и кои треба да се избројат во текот на денешниот ден, или најдоцна до утре.

Лидерите на ПДК и на коалицијата ААК – ПСД, Весели и Харадинај, во обраќања преку медиумите го признаа изборниот пораз и изјавија дека ќе дејствуваат како опозиција.

 

 

МИА

Косово опозиција победа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.