Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Опозицијата предложи технички министер, власта со дилема дали тој е во согласност со Уставот
Политика

Опозицијата предложи технички министер, власта со дилема дали тој е во согласност со Уставот

декември 29, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Опозицијата вчера предложи нов технички министер за внатрешни работи, додека пак кај власта предлогот отвори дилема дали е во согласност со Уставот, откако беше истакнато дека станува збор за воено лице на служба во Армијата.

Синоќешните средби меѓу власта и опозицијата беа први во пресрет на формирањето на техничката влада, а како што рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во понеделник ќе ги соопштат и предлозите за другите ресори.

Мицкоски вчера на одвоени средби со премиерот Зоран Заев и со лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети го даде предлогот за министер за внатрешни работи во преодната влада, посочувајќи оти се работи за професионалец со исклучително богата кариера во службата онаму каде што досега работел.

„Разговаравме за името на кандидатот, му го презентираме, ја презентиравме биографијата на лицето и во интерес на дополнителни консултации што тој треба да ги изврши, јас не би го споменувал се уште нашиот предлог, договоривме за од прилика час – час и половина од сега да се слушнеме телефонски за конечна потврда. Но, вака на прва немаше никакви забелешки, ниту пак имаше некакви дополнителни коментари“, рече Мицкоски.

Заев, пак по средбата со Мицкоски, наведе дека станува збор за воено лице и оттука излегува дилемата дали Уставот согласно член 97 тоа го дозволува, Законот за служба во Армијата и Законот за служба во МВР.

Посочи дека ќе се консултираат со експертите по ова прашање.

Немаат, како што рече, предрасуди за кандидатот, тоа е право на опозицијата и оти првпат го слушнал тоа име иако е полковник во Армијата.

За Ахмети, според неговата изјава по средбата со Мицкоски, е прифатлив предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи.

Ахмети рече дека тоа е докажан професионалец кој не бил познат како политички активист, ниту, пак, активен во цивилното општество.

Дел од медиумите објавија дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи е Драган Ковачки, кој доаѓа од АРМ и е со чин полковник.

Тој има долга кариера во војската, меѓудругото и како Командат на 1. механизирана пешадиска бригада Министерката за правда, Рената Дескоска, која е  и универзитетски професор по уставно право, се огласи на својот Фејсбук профил за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи.

„Покрај толку советници од Правен, да пуштиш противуставен предлог?!“, напиша Дескоска на Фејсбук.

Нејзиниот став го заснова на членот 97 од Уставот, што пропишува: „Со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години“.

На средбата меѓу Мицкоски и Заев станало збор и за промената на изборниот модел. Заев повтори дека СДСМ е на став дека треба да имаме една изборна единица, апелирајќи да се најде решение и на тоа прашање.

„Сакаме да направиме напори ова прашање кое што е на дневен ред и ќе продолжи да биде на дневен ред сигурно се до 12 февруари додека не се распушти Парламентот оти темата е отпочната во самото Собрание. Во духот на она што претставува напори на изнаоѓање на заеднички консензуални решенија разговаравме за можни варијанти. Еве сега да влеземе да го изгласаме законското решение да важи од следните парламентарни избори за тука да го најдеме компромисот, а отворените листи да важат за следните локални избори за да не има директен импакт како аргумент на опозицијата“, посочи Заев.

Мицкоски, пак, во врска со ова рече дека како ВМРО-ДПМНЕ изразиле подготвеност веднаш по завршувањето на овие избори опозицијата и власта кои и да бидат тогаш, да седнат и разговораат за промена на изборниот модел и примена на т.н. отворени или преференцијални листи за време на следните локални избори, посебно за листите на советници.

Во петокот вечерта на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ за технички премиер беше избран досегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, а за вицепремиерка, на местото на Кочо Анѓушев, Мила Царовска. Спасовски ќе биде технички премиер од 3 јануари 2020 до формирањето на новата влада по изборите во април.

Избрани беа и двајца дополнителни заменици министри во преодната влада – Славјанка Петровска во МВР и Санела Шкријејљ – во МТСП.

актуелно власт опозиција технички министер Устав
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.