Четворица од напаѓачите на Зијадин Села во насилствата од 27 април заработија притвор.
По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство, судија на претходна постапка определи мерка притвор во траење од 30 дена за четири лица кои се под истрага за сторено кривично дело убиство во обид.
За петтото лице за кое обвинителството исто така предложи определување на мерка притвор, поради влошена здравствена состојба судот дополнително ќе одлучи-информираат од Основното јавно обвинителство.







