Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи: „За договор потребно е зелено светло за старт на преговорите!“
Македонија

Османи: „За договор потребно е зелено светло за старт на преговорите!“

јуни 26, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Целосениот договор треба да ги има решенијата од португалскиот предлог, дефиниран патоказ и зелено светло за почеток на преговорите. Тогаш двете страни сме ги исполниле обврските и имаме целосен договор. Без една од овие компоненти не можеме да имаме договор и не можеме да почнеме со еднострано имплементирање на поединечни компоненти“, изјави денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Токму тоа, нагласи Османи, беше целта од Договорот од 2017-та, да нема еднонасочни, еднострани обиди, туку да се воведе една рамка во која што секоја страна ќе си има обврски.

„Бугарија според членот 2 ќе има обврски да ја поддржи евроатлантската интеграција, Република Северна Македонија ќе ги има своите обврски и тие заеднички да ги имплементираме и заеднички да ги мониторираме. Ја гледате логиката на договорот. Комисијата е една за историските прашања, само има дел наши историчари и бугарски
историчари, нема две комисии коишто поединечно разговараат. Меѓувладината комисија како дел од тој билатерален мониторинг, не е две меѓувладини комисии, – една комисија раководена од двајца министри за надворешни работи. Значи, процесот е замислен така да може заеднички да преземаме обврски, заеднички да ги имплементираме, заеднички да ги мониторираме. И оттука така треба да продолжиме. Ние не треба да се вратиме на период пред 2017 и да почнеме со еднострани пристапи во решавањето“, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање дали се преземени некакви обврски во Софија и дали тие идеи остануваат.

На тие разменети идеи во Софија како треба да изгледа содржината на патоказот, нагласи Османи, требаше да има одговор пред самитот.

„Позитивна страна на ова писмо што го добив вчера е дека во него стои оти сите предлози коишто се дадени се прифатливи. Кога барате од Република Северна Македонија да ги реализира обврските, тоа значи дека вие се согласувате дека тоа е решение. Но, негативното е, што тоа дојде откако заврши самитот“, рече Османи.

Во наредниот период, според шефот на дипломатијата, треба да се продолжи со истата динамика. Словенечкото претседателство го презема португалското решение, патоказот е дефиниран и уште зелено светло во септември и ќе имаме конечен договор.

„Така јас го гледам тој процес. Но, не мислам дека поединечните компоненти може да имаат тежина или сила без да се во рамки на пакетот од трите компоненти. Мислам дека треба таков да биде пристапот, да се договориме. Бугарија дава пас за почеток на преговори, ние го дефиниравме патоказот, почнуваме да ги реализираме чекорите од патоказот, исто португалското решение се импелемнтира и веќе имаме конечно решение со трите компоненти во тоа конечно решение“, повтори Османи.

Духот на договорот, нагласи Османи, препознава заеднички обврски и секое враќање пред договорот со унилатерални чекори или еднострани чекори кои не се дел од пакетот на договорот, според него не е здраво и за нашите односи и за перспективата на овој спор.

Во однос на писмото од бугарското МНР и колку тие идеи ќе се преточат во обврски доколку има одблокирање на евроинтегративниот процес од другата страна, Османи потврди дека дебатата по однос на дефинирањето на патоказот се движи во таа насока, како и дека тоа само покажува дека не се преговара за идентитетските прашања.

За краткото име, Османи посочи дека, идејата била со една изјава, една нота да се надминат разликите и да се укаже дека краткото име – Северна Македонија е исто, како што е и долгото име – Република Северна Македонија.

„Според тоа писмо што го добив вчера се потврдува предлогот дека така може да се реши и со тоа двете варијанти на името и краткото и долгото да бидат во целосна употреба, во зависност кој како сака да ги употреби“, изјави Османи.

Во однос на малцинските прашања, Османи рече дека Амандманот 36 од Уставот, донесен по усвојување на Преспанскиот договор, веќе тоа прашање го регулира.

„Дека Република Северна Македонија презема обврска да не се меша во внатрешните прашања, освен за своите државјани, во државите во регионот. Тоа право го има Судот во Стразбур, кој што ги регулира индивидуалните малцински прашања на граѓаните, кои што живеат секаде низ Европа, изјави Османи.

А, пак, за книгите, Османи посочи два моменти, прво – дека опашките на книгите од еден претходен сојуз од Југославија се непотребно бреме во новите сојузи, и второ – дека во делот на разликите во историските интерпретации историската комисија останува да биде инструмент или платформа за изнаоѓање заеднички погледи.

„Тука нема ништо спорно, затоа што тоа е обврска од Договорот од 2017 година, па и во однос на говорот на омраза и спомениците, за кои што, бугарската страна ги смета за навредливи“, појасни Османи.

 

 

(Фото: МИА)

актуелно бугарија Бујар Османи интеграција македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.