Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
  • УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија
  • Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири
  • ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“
  • СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи за „Политика“: Во регионот имаме вкрстени истории, интереси и иднина и треба да соработуваме
Политика

Османи за „Политика“: Во регионот имаме вкрстени истории, интереси и иднина и треба да соработуваме

февруари 18, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Сите ние во регионот имаме вкрстени истории, интереси и иднина и наш став е дека треба да соработуваме во процесот на европската интеграција и паралелно да ги решаваме отворените прашања, без едното да го условува другото“, вели министерот
за надворешни работи Бујар Османи во интервју за белградска „Политика“, дадено во пресрет на неговата денешна работна посета на Србија.

Говорејќи за односите со Софија и за бугарската блокада на европскиот пат на земјава, Османи посочува дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија воведе нова динамика во односите, засилен политички дијалог, зголемување на трговијата и проширување на соработката во многу области, како културата, образованието, европската интеграција, одбраната, локалната самоуправа, внатрешните работи.

„Покрај тоа, формиравме заедничка експертска комисија за историски прашања, што треба на паритетна основа да ги разгледува контроверзните прашања од историјата и врз основа на фактите да носи заклучоци. Но, она што е најважно е дека договорот ги одделува историските прашања од политиката, а политиката од историјата. Имено, договорот предвидува експерти од историјата да решаваат историски прашања, но и дека паралелно ќе продолжиме да ја зајакнуваме политичката и економската соработка“, додава Османи.

Тој нагласува дека и покрај тоа што односите на земјава со Бугарија во моментов се оптоварени „со разлики што имаат историски контекст“, сепак верува дека тие може да се надминат.

„Спроведувањето одговорна политика и преземањето зрели чекори за иднината на државата не е лесно, а најчесто не е ни популарно. Но, веруваме дека нашите граѓани ги препознаваат нашите напори и чесни намери и дека идните генерации ќе ни бидат благодарни“, потенцира Османи.

Во однос на заложбите на некои кругови во Приштина за обединување на Албанија и Косово, Османи потенцира дела прашањето за прекројување на границите на Балканот и во Европа е надминато, а членството во ЕУ ја неутрализира потребата за промена на границите и создавање „големи држави“.

„Регионот конечно треба да стане генератор на сигурност и развој. Тоа треба да бидат наши главни аргументи во трката во светот на глобализацијата, во која нема време за чекање“, истакнува шефот на македонската дипломатија, додавајќи дека земјава го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина и за неа е прифатливо секое решение што ќе произлезе од преговорите и кое нема да има штетни последици по регионот во однос на безбедноста.

Османи во интервјуто говори и за проблемот со пандемијата со Ковид-19, при што нагласува дека донацијата од Србија на вакцини за Северна Македонија претставува начин за зајакнување на пријателството меѓу двете земји и одличен пример за односите во регионот.

„Овој чин го зајакнува пријателството меѓу нашите земји и носи позитивна енергија во регионот. Пандемијата е глобален проблем, а глобалните проблеми бараат глобални решенија. Затоа, нашата позиција е дека е потребен мултилатерален пристап во кој ќе доминираат соработката и заедништво. Соработката помеѓу Северна Македонија и Србија влева надеж дека со ваква симболика ќе ги охрабриме сите во регионот да мислат и на другите“, додава Османи во интервјуто за „Политика“

актуелно Османи политика
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.