Претседателските кандидати на ДУИ, Движењето ЗНАМ, Левица и ГРОМ за три дена имаат собрано најмногу потписи од вкупно единаесеттемина подносители на кандидатури за претседател на државата кои собираат по 10 илјади граѓански потписи за да може да настапат на претстојните избори. Ова го покажуваат последните ажурирани податоци на Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со 25 февруари до 20 часот.
Состојба на број на собрани потписи за кандидати за претседател заклучно со 25 февруари до 20 часот
Од петокот, кога официјално почна собирањето на потписите, до неделата до 20 часот, за сите единаесетмина претседателски кандидати се потпишале вкупно 24 830 граѓани.
Од преостанатите кандидати, Мерсиха Смаиловиќ собрала 523 потписи, а кандидатот Вело Марковски 433 потписи. Ниту еден потпис не собрал кандидатот Томе Николоски.
Извор: Државна изборна комисија (ДИК)










