Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи: Од Скопје до Приштина ќе се патува за помалку од еден час
Економија

Османи: Од Скопје до Приштина ќе се патува за помалку од еден час

април 4, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во просториите на Секретаријатот за европски прашања се одржа првиот Министерски состанок на кој се разгледаа можностите и се идентификуваа првичните чекори за навремена подготовка и реализација на проектот за Изградбата на патниот правец Скопје – Блаце. Со состанокот претседаваше Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, кој со одлука на Владата беше назначен за координатор Министерската група за овој проект.

На средбата Османи го потенцираше значењето на овој проект во насока на регионално поврзување на Република Македонија, што претставува и еден од носечките столбови на евроинтегративниот процес на земјите од Западниот Балкан. „Автопатското поврзување со Приштина претставува проектот од исклучително значење за економското, социјалното и културното поврзување на Република Македонија со регионот“ изјави Османи, додавајќи дека во рамките на приоритетите на Владата за автопатско поврзување со соседните главни градови, изградбата на патниот правец Скопје – Блаце е еден од најзначајните проекти за поврзување со Република Косово, што, пак, претставува и еден од најзначајните економски и трговски партнери на Република Македонија.

Во продолжение, Османи им ја пренесе на присутните информацијата и за напредокот на изградбата на автопатот од косовска страна до Приштина, на кој забрзано се работи, и за што предложи поблиска комуникација со инвеститорите на Косово, за координација на активностите од двете страни на границата.

На средбата беа усвоени повеќе заклучоци, меѓу кои и за итноста на реализацијата на средствата обезбедени од ИПА инструментот “Инвестициска рамка за Западен Балкан” со кој се одобрени и обезбедени 1.300.000 евра во насока на подготовка на неопходната документација за проектирање.

Проектот Скопје – Блаце е комплексен проект со кој се предвидува изградба патна инфраструктура по сложен терен на кој е предвидена изградба на неколку тунели и мостови, аквадукти и други придружни елементи. Со изградбата на овој автопат, и негово поврзување со автопатот Приштина – Блаце lчија изградба е во тек, временското поврзување меѓу Скопје и Приштина ќе се намали од преку два часа на помалку од еден час.

Поради стратешката важност на проектот, и неговата комплексност, Владата формираше Министерска работна група, во која, покрај Вицепремиерот Бујар Османи како претседавач, членуваат и Заменик Претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, Министерот за финансии, Драган Тевдовски, Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, Министерот за економија, Крешник Бектеши, Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов и Директорот на Јавното претпријатие Македонија Пат, Гајур Кадрију.

Покрај Министерската, формирана е и техничка работна група, во која членуваат технички лица и експерти од соодветните ресори кои се задолжени за реализација на проектот Скопје – Блаце.

актуелно блаце Влада на РМ ИПА Османи приштина скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.