Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, денеска ќе има средба со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, за Планот 3-6-9.
На средбата во вилата „Водно“, вицепремиерот Османи и Секретаријатот за европски прашања, како што е најавено, ќе ги презентираат пред претседателот Иванов активностите за забрзување на евроинтеграцијата на Македонија, содржани во владиниот План 3-6-9.







